Кејт Мидлтон во јакна од 6.000 денари и омилените чизми вози велосипед и се качува по карпи (фото)
- Детали
- среда, 22 септември 2021
За време на средба со лица кои го преживеале холокаустот, Кејт Мидлтон ја покажа нејзината авантуристичка страна. Со скромна модна комбинација, Кејт возеше велосипед по планински терен и се спушташе по карпа со јаже. Потоа војвотката се качи на бротче со двајца преживеани од Холокаустот и разговараше со нив.
Војвотката од Кембриџ беше во посета на центар за тренинг на воени лица, каде што имаше можност да поразговара и со неколку лица кои го преживеале Холокаустот.
Војвотката се појави во опуштено издание и уште еднаш покажа дека без проблем може да го замени гламурот со лежерна облека.
Кејт носеше јакна која наводно чини околу 100 евра, црни фармерки и чизмички што ги има носено и претходно.
Кејт ја покажа и нејзината авантуристичка страна. Пред да оди на разговор со преживеаните од Холокаустот, војвотката возеше велосипед по планински патеки, а и храбро се обиде да се спушти по карпа со јаже.
За средбата со преживеаните, Кејт направи мала промена во аутфитот – темнозелената јакна ја замени со карирано сако.
Повеќе фотки од авантурата на Кејт:
Спирова С. | Црнобело