Британска водителка открива: „Зошто не му дозволувам на сопругот да се дружи со колешки?“

„Доколку тој постојано со неа излегува на ручек и се смее со неа, а не ми кажува за таквите состаноци, тоа е на раб на неверство“ - се согласувате ли со изјавата на водителката?

britanska-top-modelka-i-voditelka-tvrdi-nikogash-ne-bi-mu-dozvolila-na-soprugot-da-se-zblizhi-so-koleshka-01.jpg

Британската топ моделка и ТВ презентерка Никола Меклин излезе со тврдења зошто никогаш не би му дозволила на сопругот да се зближи со колешка.

Таа е во брак со фудбалерот Том Вилијамс од 2009-тата година и заедно имаат два сина.

Нејзината изјава гласи:

„Сум видела како ваквите односи може да тргнат на лошо. Имав пријателки чиишто сопрузи имаат колешки, често нивни лични асистентки со кои се зближуваат премногу.

Во еден таков случај сопругот ја напушти мојата пријателка заради оваа ‘блиска соработничка’. Тие беа постојано заедно и секогаш велеа дека ‘работат’.

Секогаш ѝ велев на пријателката дека тоа не е во ред. Двајца луѓе не треба толку многу да комуницираат и јас нема да дозволам такво нешто во мојата врска.

Секогаш велеше дека сè е во ред и дека тие постојано се во контакт заради работата – но не беше така.“ – вели таа, пренесува The Sun.

View this post on Instagram

A post shared by Nicola McLean (@nicolamclean30)

Никола вели дека таа е мошне сомничава кога маж сака да се зближи со колешка.

„Доколку дома има добра врска, нема потреба да има блиски врски со колешки“ – вели таа.

Додава дека доколку поминувате долго време со некој од спротивниот пол тогаш оставате можност нештата да тргнат наопаку.

Особено во миговите кога ќе се вклучи и алкохолот, па односите од колеги може да преминат во сосема нешто друго.

Таа понатаму признава дека и нејзе ѝ се случило во минатото колеги да ја поканат на ручек па потоа да ѝ се додворуваат.

„Доколку мојот сопруг имаше најдобра пријателка, немаше да ми биде пријатно. Доколку тој постојано со неа излегува на ручек и се смее со неа, а не ми кажува за таквите состаноци, тоа е на раб на неверство“ – вели таа и нагласува дека не е љубоморна, туку се смета за мошне самоуверена и мудра личност.

Инаку Никола е доста популарна во Обединетото Кралство како ТВ личност и како учесничка во Големиот Брат. Таа исто така работи и како модел, а редовно објавува фотографии и на социјалните мрежи.

Погледнете дел од нив:

https://www.instagram.com/p/CRwFR2PJn_c/?utm_source=ig_web_copy_link

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg