24-годишна девојка од Лос Анџелес направила операција за смалување на градите – по 9 месеци повторно ѝ пораснале
- Детали
- понеделник, 06 септември 2021
Бетани Лион е 24-годишна пејачка и танчарка од Лос Анџелес, која пред околу две години направила операција за намалување на градите. На нејзино огромно изненадување, нејзините гради повторно почнале да растат по операцијата и таа тврди дека за неполни девет месеци, повторно се вратиле во првобитната големина.
Во 2019 година Бетани Лион направила операција за намалување на градите. Една од главните причини за оваа одлука биле постојаните болки во грбот. Истовремено, Бетани вели дека воопшто не ѝ се допаѓало што сите на улица гледале во нејзините гради, а ѝ претставувале и проблем бидејќи е танчарка.
Операцијата поминала одлично, но по три месеци Бетани почнала да забележува дека облеката ѝ станува тесна, а набрзо сфатила дека градите повторно почнале да ѝ растат. За околу девет месеци, нејзините гради биле иста големина како и пред операцијата.
„Целата ситуација беше фрустрирачка – бев многу среќна со операцијата и со новиот изглед на градите“.
Бетани вели дека уште во тинејџерските години ѝ станало јасно дека ќе има големи гради, а неретко и се срамела од нив.
„Секогаш се чувствував малку засрамено поради нивната големина. Луѓето постојано коментираа и ми изгледаше како тоа да е единственото нешто што го забележуваат кај мене“.
Бидејќи Бетани е танчарка, големите гради често претставувале проблеми на сцена.
„Беа премногу тешки и некогаш се чувствував глупаво поради нив кога танцував. Не можев и да носам многу парчиња облека бидејќи ништо не ми беше точно. Особено тешко ми беше да си најдам добар градник“, вели младата девојка.
Бетани решила да се оперира на почетокот на нејзините 20-ти, а за процедурата одвоила дури 10.000 долари.
Иако операцијата поминала без компликации, на Бетани ѝ требал долг период за да закрепне.
„Изгледа дека повеќето луѓе закрепнуваат полесно од операција. Хирургот ми рече дека веројатно ќе бидам почувствителна од другите. Ми препишаа и лекови само за да можам да одам, да седнувам и да станувам.
Во првата недела буквално плачев на секое станување поради болката. По три недели можев да се движам подобро, но не можев да станувам или да вежбам“.
Но само што закрепнала, Бетани забележала дека градите повторно ѝ се зголемуваат.
„Чувствував дека облеката ми станува потесна на градите, но не и на стомакот. Како што минуваа деновите, градите стануваа поголеми и поголеми, а девет месеци подоцна си се вратија во истата големина“.
Овојпат Бетани решила да ги прифати големите гради и сега вели дека е задоволна од нив.
„Повеќе не се срамам од нив како во тинејџерските години бидејќи научив да си го прифаќам телото такво какво што е. Градите уште ме спречуваат да носам одредена облека и ми предизвикуваат болки во грбот, но не толку силни откако престанав да носам градници“.
Наводно, иако ретко, некогаш се случува градите повторно да пораснат по операција за намалување. Бетани била свесна за ова, но не ни очекувала дека ќе ѝ се случи токму нејзе.
Некои промени во организмот, како хормонална нерамнотежа, можат да влијаат врз градите и да го поттикнат нивниот раст, дури и кога станува збор за возрасна жена. Бетани имала проблеми со тироидната жлезда, па најверојатно тоа е причината што нејзините гради повторно пораснале.
Спирова С. | Црнобело