Во која држава е најдобро, а во која е најлошо да си жена - на кое место е рангирана Македонија?
- Детали
- понеделник, 06 септември 2021
Кога станува збор за рамноправноста, ниту една земја на планетата, за жал, сè уште не ги поседува сите предуслови за да може да ја отфрлиме потребата од борбата за женски права, со цел да бидеме безгрижни и целосно еднакви во секоја смисла.
Институтот за жени, мир и безбедност на Универзитетот Џорџтаун во соработка со Институтот за истражување на мирот во Осло ги зеле предвид глобалните разлики меѓу земјите при мерење на учеството на жените во општеството, чувството на сигурност и изложеност на дискриминација кои се клучни показатели за положбата на жените во некоја средина.
Која земја е најдобро место за жените?
Според извештајот, Норвешка е на прво место како земја во која е најдобро да се биде жена, Швајцарија е на второ место, додека Финска е на трето место.
Понатаму следуваат: Данска, Исланд, Австрија, Велика Британија, Луксембург, Шведска, Холандија и Канада. Сосема неочекувано (или не?), Соединетите Американски Држави, кои обично се сметаат за најистакнатиот борец за еднаквост по многу прашања, го зазеле 19-то место.
Која земја е најлоша за жените?
Најтешко им е на жените во Јемен, која се рангирала на 167 место, потоа Авганистан, но треба да се има предвид дека истражувањето е спроведено долго пред воспоставувањето на талибанскиот режим, познат по својата бруталност кон жените.
Следуваат Сирија, Пакистан, Јужен Судан, Ирак, Демократска Република Конго, Централноафриканска Република, Мали, Судан, Либија…
А каква е состојбата на Балканот?
Србија го води регионот во однос на правата на жените и е на 24 место. По нив следуваат Хрватска (32 место), потоа Македонија (37 место), Бугарија (39 место) и Црна Гора (40 место).
(О)Милена | Црнобело