5-годишно дете од САД изоди патека долга 3.500 километри во период од 209 денови (фото+видео)

Патеката Appalachian во САД е долга околу 3.500 километри, се протега од Џорџија до Мејн и е предизвик за многу планинари и љубители на природата. Но, обично ова се возрасни луѓе со искуство во планинарење кои се подготвуваат со месеци, а некогаш и години за некој ваков подвиг.

5-godishno-dete-od-sad-izodi-pateka-dolga-3-500-kilometri-vo-period-od-209-denovi-foto-video-01.jpg

Но, Харви Сутон е сосема поразлична приказна – заедно со неговите родители, тој ја изодел целата патека уште пред да наполни шест години.

5-godishno-dete-od-sad-izodi-pateka-dolga-3-500-kilometri-vo-period-od-209-denovi-foto-video-13.JPG

5-godishno-dete-od-sad-izodi-pateka-dolga-3-500-kilometri-vo-period-od-209-denovi-foto-video-03.JPG

5-годишниот Харви и неговите родители ја изоделе патеката во период од 209 денови, а стигнале до целта на 9-ти август годинава. Малиот Харви планинарел уште од 2-годишна возраст и колку-толку бил навикнат да оди огромни растојанија, но досега сигурно не се соочил со ваков предизвик.

5-godishno-dete-od-sad-izodi-pateka-dolga-3-500-kilometri-vo-period-od-209-denovi-foto-video-02.JPG

5-godishno-dete-od-sad-izodi-pateka-dolga-3-500-kilometri-vo-period-od-209-denovi-foto-video-05.JPG

Секое утро семејството станувало во 5:30 часот, а по појадокот веднаш почнувале со пешачење. Некогаш се соочувале и со бури, а тогаш биле принудени да прават подолги паузи.

5-godishno-dete-od-sad-izodi-pateka-dolga-3-500-kilometri-vo-period-od-209-denovi-foto-video-06.JPG

Иако начекале секакви временски услови, мајката на Харви вели дека тоа не бил најтешкиот дел од авантурата.

„Мислев дека најтешко ќе ни биде справувањето со студот и горештините. Но, многу потешка беше менталната мотивација и одржувањето на доброто расположение за да му помогнеме на Харви да остане позитивен и да ужива во пешачењето“.

5-godishno-dete-od-sad-izodi-pateka-dolga-3-500-kilometri-vo-period-od-209-denovi-foto-video-08.JPG

Неретко родителите морале да смислуваат игри по пат за да му го направат искуството на Харви позабавно.

„Не е лесно да останете позитивни кога облеката ви е накисната од дожд и снег. Но мислам дека токму ова направи големи промени во секој од нас“, вели мајка му.

5-godishno-dete-od-sad-izodi-pateka-dolga-3-500-kilometri-vo-period-od-209-denovi-foto-video-12.JPG

Родителите на Харви работат како агенти за недвижности и велат дека за оваа авантура направиле „мини пензионирање“ од околу една година.

5-godishno-dete-od-sad-izodi-pateka-dolga-3-500-kilometri-vo-period-od-209-denovi-foto-video-11.JPG

Штом ја изоделе патеката, веднаш се вратиле дома бидејќи веќе биле финансиски истрошени од авантурата, но и бидејќи Харви треба да оди во градинка.

„Харви само што почна да оди во градинка. Па, го очекува нова авантура, сосема поразлична од претходната. Скапо е кога не работиме, па постепено почнуваме да му се враќаме на бизнисот. Притоа, веќе ја планираме следната авантура“, открива мајката.

5-godishno-dete-od-sad-izodi-pateka-dolga-3-500-kilometri-vo-period-od-209-denovi-foto-video-04.JPG

5-godishno-dete-od-sad-izodi-pateka-dolga-3-500-kilometri-vo-period-od-209-denovi-foto-video-07.JPG

5-godishno-dete-od-sad-izodi-pateka-dolga-3-500-kilometri-vo-period-od-209-denovi-foto-video-09.JPG

5-godishno-dete-od-sad-izodi-pateka-dolga-3-500-kilometri-vo-period-od-209-denovi-foto-video-10.JPG

Семејството направи и видео за целото искуство кое е објавено на нивниот Јутуб канал:

;

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Се школувал под лажно име, не смеел сам да оди ни во тоалет: Тажниот живот на синот на Доналд и Мела... По барање на мајка му Меланија, неговото име и лик не смееле да се спомнат на со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg