Починат брат, кавги на меден месец: Факти за принцезата Дијана - светот не ја заборава и 24 години по смртта

На 14 септември 1984 година Дијана и Чарлс го добија синот Хари.

cvekje-i-podaroci-pred-kengsingtonskata-palata-za-24-tata-godishnina-od-smrtta-na-dijana-zhivotot-na-princezata-niz-fotografii-12.JPG

За Дијана најважно беше нејзините деца да имаат што е можно понормален живот, па таа беше дел од сите важни настани во нивните животи. Фотографијата е направена за време на првиот школски ден на Хари во 1989 година.

cvekje-i-podaroci-pred-kengsingtonskata-palata-za-24-tata-godishnina-od-smrtta-na-dijana-zhivotot-na-princezata-niz-fotografii-13.JPG

Прекрасна фотографија што ги потврдува изјавите на Вилијам и Хари дека нивната мајка била многу забавна личност која постојано се смеела и лудувала со нив.

cvekje-i-podaroci-pred-kengsingtonskata-palata-za-24-tata-godishnina-od-smrtta-na-dijana-zhivotot-na-princezata-niz-fotografii-14.JPG

Дијана и Чарлс на последното заедничко патување во Јужна Кореја во 1992 година, во периодот кога брачните проблеми кулминираа.

cvekje-i-podaroci-pred-kengsingtonskata-palata-za-24-tata-godishnina-od-smrtta-na-dijana-zhivotot-na-princezata-niz-fotografii-15.JPG

Познатиот „одмазднички“ фустан на Дијана што го носеше кога се дозна за аферата на Чарлс и Камила.

cvekje-i-podaroci-pred-kengsingtonskata-palata-za-24-tata-godishnina-od-smrtta-na-dijana-zhivotot-na-princezata-niz-fotografii-16.JPG

На 28 август 1996 година Чарлс и Дијана се разведоа. Фотографијата е направена истата година во Пакистан, кратко по разводот.

cvekje-i-podaroci-pred-kengsingtonskata-palata-za-24-tata-godishnina-od-smrtta-na-dijana-zhivotot-na-princezata-niz-fotografii-17.JPG

По разводот Дијана стана поактивен хуманитарец, а со оваа фотографија сруши бројни стереотипи за луѓето со ХИВ и СИДА – се ракува со позитивна личност, докажувајќи дека болеста не може да се пренесе само со допир.

cvekje-i-podaroci-pred-kengsingtonskata-palata-za-24-tata-godishnina-od-smrtta-na-dijana-zhivotot-na-princezata-niz-fotografii-18.JPG

Дијана се залагаше и против употребата на нагазни мини – цел за која се залага и нејзиниот син Хари. Фотографијата е од 1997 година.

cvekje-i-podaroci-pred-kengsingtonskata-palata-za-24-tata-godishnina-od-smrtta-na-dijana-zhivotot-na-princezata-niz-fotografii-22.JPG

Во 1997 година, само неколку месеци пред смртта, Дијана направи аукција со нејзината облека со која собра над 3 милиони долари за добротворни цели.

cvekje-i-podaroci-pred-kengsingtonskata-palata-za-24-tata-godishnina-od-smrtta-na-dijana-zhivotot-na-princezata-niz-fotografii-19.JPG

Недела-две пред смртта, Дијана го посети Сараево каде што имаше средба со луѓе кои настрадале од нагазни мини, со тоа продолжувајќи да се бори против нивната употреба.

cvekje-i-podaroci-pred-kengsingtonskata-palata-za-24-tata-godishnina-od-smrtta-na-dijana-zhivotot-na-princezata-niz-fotografii-20.JPG

На 31 август 1997 година Дијана беше во Париз со тогашното момче Ал Фајед. Двајцата, заедно со нивниот возач, загинаа во трагична сообраќајка. Целиот свет жалеше за смртта на Дијана, а пред нејзиниот дом – Кензингтонска палата – имаше илјадници фотографии, букети и подароци од нејзините фанови.

cvekje-i-podaroci-pred-kengsingtonskata-palata-za-24-tata-godishnina-od-smrtta-na-dijana-zhivotot-na-princezata-niz-fotografii-21.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Принцезата од Дубаи „го откачи“ сопругот преку Инстаграм, 1 година откако потрошија 50 милиони долар... Пред една година направија кралска свадба, а сега се чини дека се разведуваат. ...
Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
Татко си е татко: Чарлс му прости на Хари и го прими на 45 минути, но Вилијам нема намера да го види „Хари со душа чекал да добие покана од Вилијам за да преноќи кај него, но намест...
„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...
Ѝ раскинал преку телефон, 8 години не сакал да ја запроси – Помалку познати детали за врската на Кеј... Откако ѝ раскинал по телефон, Вилијам отишол да слави за својата слобода. Кејт, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg