Починат брат, кавги на меден месец: Факти за принцезата Дијана - светот не ја заборава и 24 години по смртта
- Детали
- среда, 01 септември 2021
На 31 август 1997 година принцезата Дијана загина во сообраќајна несреќа во Париз, на 36-годишна возраст. Годинава, нејзиното семејство и фановите ја обележаа 24-тата годишнина од трагичниот настан.
Како членовите на кралското семејство ја одбележаа годишнината од нејзината смрт?
Братот на Дијана, Чарлс Спенсер, сподели фотографија од домот во којшто пораснале со принцезата, на која се гледа знаме спуштено на пола копје.
Постариот син на Дијана, Вилијам, заедно со сопругата Кејт и нивните деца ја обележале годишнината приватно и засега немаат споделено ништо во чест на Дијана. Иста е ситуацијата и со другите членови на кралското семејство, вклучувајќи ги Хари и Меган, како и кралицата.
Ограда на Кензингтонска палата, пак, е украсена со фотографии од Дијана и цвеќе положено од нејзините фанови.
Овде се наоѓа и статуата на Дијана која беше поставена неодамна. Статуата е отворена за посетители од среда до недела, но поради годишнината од смртта, фановите имале можност да ја видат и во вторникот, односно на 31 август.
Дијана остана запомнета како „принцеза на луѓето“ поради бројните хуманитарни подвизи. Таа им стана миленичка на луѓето и кога реши да му се спротивстави на кралското семејство по бурниот развод со Чарлс, но и поради посветеноста на нејзините деца.