Тајната љубовница на Путин која исчезна од јавноста пред две години, сега за првпат се појави со бурма (фото)

За Алина Кабаева постојат шпекулации дека му е тајна љубовница и дека му родила близнаци на Владимир Путин, а пред две години целосно исчезна од јавноста и никој ја немаше видено - сега за првпат се појави, а бурмата разгоре дебата. 

za-prvpat-po-dve-godini-se-pojavi-ljubovnicata-na-putin-alina-kabaeva-01.jpg

За узбекистанската гимнастичарка Алина Кабаева (38) се тврди дека над 10 години е во тајна врска со рускиот претседател Владимир Путин (68) и дека му родила близнаци. Неа почнаа да ја поврзуваат со рускиот претседател во 2008-мата година кога таа беше Член на Парламентот од Владата.

za-prvpat-po-dve-godini-se-pojavi-ljubovnicata-na-putin-alina-kabaeva-03.png

za-prvpat-po-dve-godini-se-pojavi-ljubovnicata-na-putin-alina-kabaeva-04.jpg

За последен пат во јавност Алина беше видена во 2018-тата година кога го бранеше нејзиниот докторат. По 2018-тата година речиси никој и да не ја имаше видено во јавност.

Таа не даваше интервјуа, не учествуваше во ТВ програми, а дел од медиумите пишуваа дека станала мајка на близнаците на 30 години повозрасниот од неа Путин, но секако тоа се само шпекулации.

za-prvpat-po-dve-godini-se-pojavi-ljubovnicata-na-putin-alina-kabaeva-07.jpg

По две години пауза од појавувања, таа деновиве се појави за првпат во јавност во ТВ емисија.

Поранешната олмипијка се појави на телевизија со цел да ги критикува судиите во Токио што ѝ го одземале златниот медал на руската ѕвезда Дина Аверина во категоријата за ритмичка гимнастика. Она што сите го забележаа е дека Алина носеше бурма пред камерите.

Во новата изјава Алина застана само во одбрана на руската олимпијка и воопшто не се осврна на други моменти од нејзиниот живот.

za-prvpat-po-dve-godini-se-pojavi-ljubovnicata-na-putin-alina-kabaeva-02.png

Инаку, Алина е добитничка на златен медал на Олимпијадата за ритмичка гимнастика, двапати беше Светски шампион и трипати беше победничка на Европското Првенство.

za-prvpat-po-dve-godini-se-pojavi-ljubovnicata-na-putin-alina-kabaeva-05.jpg

Неа уште ја нарекуваат и „тајната прва дама“ на Русија, но за време на појавувањето на каналот Rossiya 1 никој не ѝ постави прашање за нејзината наводна поврзаност со претседателот.

Според руските медиуми, иако Алина никој речиси и да не ја видел во последните две години, таа сега е бизнис жена и поранешна Претседателка на одборот на директори на „Националната Група на медиуми“.  

za-prvpat-po-dve-godini-se-pojavi-ljubovnicata-na-putin-alina-kabaeva-06.jpg

Според голем број Руси и медиуми, Алина е причината поради која Путин се разведе од неговата сопруга Људмила (63) во 2013-тата година, со која има две возрасни ќерки Марија и Екатерина и со која беше речиси 30 години во брак, но во една прилика Путин изјави:

„Имам приватен живот во којшто не дозволувам никој да ми се меша. Тоа мора да се почитува!“

za-prvpat-po-dve-godini-se-pojavi-ljubovnicata-na-putin-alina-kabaeva-09.jpg

Инаку, ова не е првпат Кабаева да биде забележана со веренички прстен, но досега нема никакви податоци дека таа стапила во брак.

Во 2017-та Кабаева се појави со провокативен прстен на вереничкиот прст кој се обидуваше да го сокрие од папараците.

za-prvpat-po-dve-godini-se-pojavi-ljubovnicata-na-putin-alina-kabaeva-08.jpg

Се шпекулира дека таа има свој возен парк со луксузни возила, а била забележана како влегува во едно московско кафуле опкружена со обезбедување.

Прочитајте и Никој не ја видел од 2019-та - каде е љубовницата на Путин, Алина Кабаева

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg