„Појадувавме 36 јајца, неделно пиеме 18 литри млеко“ – најголемото семејство во Австралија има дури 16 деца (фото)
- Детали
- петок, 06 август 2021
Џени и Реј Бонел имаат 16 деца и се најголемото семејство во Австралија, а неделно трошат околу 400 долари само за храна. Кога се венчале со Реј, Џени не сакала да има ниту едно дете, но сега вели дека дефинитивно планираат да го прошират и онака огромното семејство.
Џени и Реј Бонел се родители на 16 деца и се прогласени за најголемото семејство во Австралија. За разлика од повеќето парови кои се задоволуваат со едно-две деца, Џени вели дека со Реј планираат во иднина да го прошират семејството.
51-годишната Џени е мајка на 16 деца, но во младоста не ни сонувала за тоа. Всушност, кога стапиле во брак со Реј, таа воопшто не сакала да стане мајка.
„Се сеќавам дека му велев на Реј дека не сум заинтересирана за деца. Му велев дека, едноставно, не сакам ниту едно“.
Реј, од друга страна, потекнува од големо семејство, па се надевал дека ќе стане татко на барем четири деца.
Со текот на времето Џени решила да му ја исполни желбата на сопругот, па се согласиле да имаат едно, најмногу две деца. Но штом ги родила двете деца, новата мајка забележала драстична промена во нејзиното размислување.
„Првите две деца ми го отворија срцето кон она коешто знам дека треба да го правам во животот. Потоа јас бев таа што го замоли Реј да имаме трето бебе“.
Досега Џени била бремена 23 пати, што значи дека, за жал, доживеала и неколку спонтани абортуси.
„Мислам дека спонтаниот абортус целосно ве променува како личност. Ги менува вашите чувства кон бременоста“.
Но, Џени и Реј не дозволиле спонтаните абортуси да влијаат на нивната среќа. Напротив, ги натерале повеќе да го ценат и да го сакаат нивното огромно семејство.
„Пресреќни сме со она што го имаме. Премногу ги сакаме нашите деца. Некогаш се предизвик и да, некогаш има тешкотии. Но не можам да го опишам прекрасното чувство од одговорноста да се грижите и да одгледате толку многу деца, да ги гледате како ги градат своите животи и имаат свои семејства“, вели Џени.
Најголемото семејство во Австралија има Инстаграм профил со околу 11.000 следбеници, како и Јутуб канал којшто го следат 35.000 корисници. На овие профили, тие редовно споделуваат фотки и видеа од нивното секојдневие, а дефинитивно најмногу внимание привлекуваат со нивните оброци.
Џени вели дека неделно трошат околу 450 долари само за храна, а кога прави појадок за целото семејство, потребни ѝ се 36 јајца.
Кога им се јаде брза храна, пак, семејството порачува осум хамбургери, осум чизбургери, 40 пилешки прсти, 16 порции помфрит и 16 пијачки – сето ова ги чини околу 130 долари.
Џени се шегува дека дури и кога оди до продавница само по леб и млеко, плаќа речиси 100 долари и се враќа со цел автомобил полн намирници.
Неделно, пак, купува најмалку 2 килограми моркови, 4 килограми компири, 18 литри млеко, околу 2 килограми тестенини, речиси 1 килограм сос за тестенини, 24 ролни тоалетна хартија…
Нормално, грижата за толку многу деца чини и многу пари, па Џени вели дека со сопругот штедат така што купуваат храна од локални брендови. Истовремено, месните производи, заедно со овошјето и зеленчукот, ги купуваат на големо, па плаќаат помалку.
„Настојувам да го купам само на што ми треба за да ги направам оброците во текот на неделата. Ако најдам нешто на попуст или некоја добра зделка, купувам на големо, па го чуваме тој продукт за во иднина. Годинава се обидуваме да намалиме со трошење млеко за да заштедиме повеќе пари. Трошевме и по 36 литри млеко неделно, но сега купувам само по 18“.
Спирова С. | Црнобело