Зошто Меган Маркл беше исмејувана на првото појавување по повод 40-тиот роденден?

На првото јавно појавување по раѓањето на ќерката Лилибет Диана, по повод својот 40-ти роденден, Меган Маркл стана мета на критики и шеги за британскиот акцент, како и за тоа дека „нема право да зборува за губење работни места додека си заработува милиони од дома, откако замина од палатата“.

zoshto-megan-markl-beshe-ismejuvana-na-prvoto-pojavuvanje-po-povod-40-tiot-rodenden-01.jpg

Во соработка со комичарката Мелиса Мекарти, Меган Маркл направи видео во кое ја споделува својата инцијатива да им помогне на жените кои останале без работа во пандемијата да си најдат ново работно место. Видеото е објавено по повод 40-тиот роденден на актерката, но речиси веднаш наиде на бројни критики.

Покрај критиките од јавноста, за видеото прозбореа и двајца познати водители од австралиска телевизија, кои сметаат дека Меган, која „тежи“ неколку милиони, нема никакво право да зборува за работа, особено откако „си даде отказ“ од палатата.

zoshto-megan-markl-beshe-ismejuvana-za-videoto-po-povod-40-tiot-rodenden-05.JPG

Во видеото, кое е направено како разговор помеѓу Меган и Мелиса, сопругата на принцот Хари споделува детали за нејзината кампања наречена „40×40“:

„Бидејќи полнам 40 години, замолувам 40 пријатели да донираат 40 минути од нивното време за да помогнат во обуката на жена која сака да се врати на работа. Над два милиони жени во САД и десетици милиони од целиот свет ги изгубија работните места поради пандемијата“.

zoshto-megan-markl-beshe-ismejuvana-za-videoto-po-povod-40-tiot-rodenden-02.JPG

Меган вели дека ако доволно луѓе посветат само 40-тина минути од нивното време за да им помогнат на овие жени, дефинитивно можат да направат разлика.

https://www.youtube.com/watch?v=Dqizy9g9bh4

Но, се чини никој не е воодушевен од идејата на Меган, а двајца водители од Австралија, Софи (35) и Карл (46), и јавно го критикуваа нејзиното видео.

„Интересно ми е како им држи лекции на луѓето за враќање на работа, а таа си даде отказ од палатата пред помалку од две години“, вели Софи.

Според Карл, пак, Хари и Меган заработуваат милиони „од дома“ благодарение на договорите со Нетфликс и други големи компании, па поради тоа немаат никакво право да им зборуваат за работа на „обичните“ луѓе.

zoshto-megan-markl-beshe-ismejuvana-za-videoto-po-povod-40-tiot-rodenden-04.JPG

Водителот го насочува вниманието и кон кучето кое се гледа во видеото на Меган:

„И да го имам животот на тоа куче - само да си лежам пред каминот, на перница“.

Водителите го коментираат и акцентот на Меган – таа е американка, но во видеото звучи како да се обидува да зборува со британски акцент.

На крајот од видеото се појавува и принцот Хари, односно ѕирка од прозорецот однадвор, а водителите имаа коментар и за тоа, изјавувајќи дека сигурно и тој бил збунет од целата ситуација, па затоа си останал надвор.

zoshto-megan-markl-beshe-ismejuvana-za-videoto-po-povod-40-tiot-rodenden-03.JPG

Пред само неколку недели принцот Хари најави дека пишува мемоари во кои нема да крие ништо – нешто што дополнително ја влоши ситуацијата помеѓу него и семејството.

Наводно, тој не сметал дека му треба дозвола од палатата за да го направи тоа, а кралицата, принцот Чарлс и принцот Вилијам биле запрепастени од веста. Сепак, тие не го прескокнаа роденденот на Меган и ги споделија нивните честитки на социјалните мрежи.

Најпрво, на официјалните профили на кралското семејство беа споделени три фотки, вклучувајќи и една од кралицата и од Меган, со опис:

„Ѝ посакуваме на војвотката од Сасекс многу среќен роденден!“

Набрзо потоа, и Вилијам и Кејт споделија фотка од Меган со честитка:

„Ѝ посакуваме среќен 40-ти роденден на војвотката од Сасекс“.

И принцот Чарлс и Камила ѝ го честитаа роденденот на Меган со фотка од неа.

Кралските експерти, пак, шпекулираат дека деновиве можеби ќе видиме фотка од Лилибет – најмалото дете на Меган и Хари – по повод 40-тиот роденден.

„Мислам дека најверојатно ќе видиме фотографија од целото семејство. Не би бил изненаден ако Меган сподели фотографија со неа и Лилибет за да го обележи 40-тиот роденден, бидејќи тие сакаат да покажат колку среќно семејство се“, тврди експертот Фил Дампиер.

zoshto-megan-markl-beshe-ismejuvana-na-prvoto-pojavuvanje-po-povod-40-tiot-rodenden-.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко си е татко: Чарлс му прости на Хари и го прими на 45 минути, но Вилијам нема намера да го види „Хари со душа чекал да добие покана од Вилијам за да преноќи кај него, но намест...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg