Фит дедо на 63 години стои во „plank“ позиција цели 8 часа – колку можете вие? (фото+видео)

Џорџ Худ од Аурора, Илиноис е поранешен воен маринец, кому возраста (63) воопшто не му е пречка да остане фит и да се обидува да руши рекорди.

Fit-dedo-na-63-godini-nad-8-chasa-stoi-vo-pozicija-za-sklekovi-a-pravi-1775-sklekovi-vo-eden-chas-01.jpg

Џорџ на 15-ти февруари минатата година го сруши Гинисовиот рекорд за држење во позиција за склекови - plank. Тој во таа позиција стоеше над осум часа.

„Сè ме боли. Телото треба да заздрави и одвнатре и однадвор“ – рече тој неколку дена по соборувањето на рекордот.

Fit-dedo-na-63-godini-nad-8-chasa-stoi-vo-pozicija-za-sklekovi-a-pravi-1775-sklekovi-vo-eden-chas-02.jpg

Тој успеа да го сруши рекордот откако во таа позиција остана цели 8 часа, 15 минути и 15 секунди, што е за 14 минути повеќе од претходниот рекордер Мао Веигдонг (45) од Кина, кој во 2016-тата успеа да се задржи во истата позиција 8 часа и 1 минута.

Fit-dedo-na-63-godini-nad-8-chasa-stoi-vo-pozicija-za-sklekovi-a-pravi-1775-sklekovi-vo-eden-chas-03.jpg

Худ претходно работел како агент на Администрацијата за борба против дрога, а постојано вежбал откако завршил со програмата за Маринци во неговите 20-ти години од животот, но вели дека сега на возраст од 63 години чувствува дека е во најдобра форма.

Како што вели, за да стигне до рекордот му биле потребни цели 10 години упорно тренирање. Кога за првпат се обидел да стои во позиција за склекови успеал да се задржи околу 5 минути. Тој почнал да вежба цели 6 месеци и во 2011-тата година го поставил првиот Гинисов рекорд за стоење во позиција за склек во времетраење од 1 час, 20 минути и 25 секунди.

View this post on Instagram

A post shared by George E. Hood (@hood4663)

За да го собори рекордот во 2020-тата година, Худ кој е во пензија, но има некои клиенти за кои работи како тренер, вели дека вежбал по седум часа дневно во период од 18 месеци за да биде што е можно поиздржлив.

Во текот на оваа година, во март, Худ се обиде да сруши уште еден рекорд и да направи над 2.919 склекови во еден час. Сепак, тој не успеа да го сруши овој рекорд, но не е за потфрлање и фактот дека успеа да направи 1.775 склекови за еден час.

Погледнете неколку фотографии и видеа од Худ во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
Сериозен проблем со здравјето, неколку операции: Што се случи со најубавото девојче во светот, Тилан... 22-годишната Тилан Блондо беше прогласена за „најубаво девојче во светот“ кога и...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg