Австралиска блогерка: „Телото ми е различно кога позирам и кога сум опуштена - се сакам секако“
- Детали
- среда, 28 јули 2021
Карина Арби е една од најпопуларните блогерки во Австралија, а со нејзините фотографии на социјалните мрежи се стекнува и со светска популарност.
Таа ги освои срцата на следбениците на социјалните мрежи со отвореноста, директноста и начинот на кој што се обидува да ги нормализира несовршените женски тела.
Таа објавува фотографии со кои сака да покаже дека сепак е атрактивна иако има вишок килограми и целулит. Така на нејзиниот профил може да се забележат повеќе фотографии на кои позира во бикини.
Карин на некои фотографии смело ги покажува несовршеностите, но објавува и серија фотографии на кои сака да покаже колку е важен вистинскиот агол, позата, начинот на кој ја носиме облеката итн. Па така, сите несовршености таа ги крие за една секунда.
Таа неодамна објави фотографија на која позира насмеана во бикини, а на која се гледа вишокот на стомакот.
„Не ви се допаѓа моето тело? Не ми е грижа! Може ли да го нормализираме тоа да бидеме нормални, ве молам? Пред 6 месеци јас ќе бев премногу несигурна за да објавам ваква опуштена фотографија од мојот стомак.
Но, благодарение на вашата љубов и поддршка се чувствувам удобно и моќно додека објавувам вакви содржини. Ви благодарам, вие сте моето семејство! А за оние што сè уште ми праќаат ужасни коментари, ви посакувам среќа да успеете да ги пробиете моите бариери“ – порача таа.
Инаку таа објавува повеќе фотографии на кои се гледа како и најмалите промени во држењето, облеката, светлината, може да придонесат за тоа фотографиите да изгледаат совршено на Инстаграм.
„Без разлика на тоа како изгледате. Дали позирате или сте опуштени, важно е тоа што го носите во себеси. И јас ги сакам и двете верзии од себеси. Се надевам дека и вие можете да се сакате себеси“ – напиша таа.
Погледнете некои од нејзините споредби:
Б. С. Б. | Црнобело