Принцот Џорџ го прослави 8-иот роденден - Како Кејт и Вилијам го подготвуваат синот да стане крал? (фото)
- Детали
- четврток, 22 јули 2021
Со денови на социјалните мрежи се појавуваа коментари за тоа што малиот принц Џорџ беше облечен како мини верзија на неговиот татко, но тоа е само дел од подготовките за она што го очекува - тој еден ден ќе биде крал.
Војвотката и војводата од Кембриџ објавија официјален портрет од принцот Џорџ за да го одбележат неговиот осми роденден.
Принцот Џорџ на фотографијата е потпрен на џип Landrover Defender, возило слично на неговиот покоен пра-дедо, Војводата од Единбург.
Фотографијата била направена од страна на мама Кејт во нивниот дом во Норфолк. Инаку, Кејт и Вилијам многу се двоумеле дали да објават фотографија од малиот принц поради несоодветните коментари што следеа по финалниот натпревар од Еуро 2020.
За разлика од минатото, иако Кејт и Вилијам се свесни дека нивното најголемо дете еден ден ќе седне на престолот, сепак се трудат да му пружаат што е можно понормално детство додека истовремено го подготвуваат за неговата улога.
На седмиот роденден му кажаа дека еден ден ќе биде крал
Седмиот роденден на принцот Џорџ, Кејт го одбележа така што објави повеќе фотографии од него на социјалните мрежи. Постојат тврдења дека за време на овој роденден Кејт и Вилијам седнале и му објасниле на малиот принц дека еден ден ќе стане крал.
Џорџ расте според традицијата на семејството Мидлтон
За разлика од стриктната политика и традиција на кралското семејство, се чини дека Кејт и Вилијам се трудат да му пружаат на Џорџ што е можно понормално детство. Доказ за тоа се и фотографиите на кои се гледа како Кејт си игра со малиот Џорџ и се обидуваат да изгледаат опуштено, но умерено.
Се облекува како Вилијам
На двата натпревари од Еуро 2020 на кои присуствуваше и малиот принц Џорџ забележително беше дека е облечен како мала верзија на неговиот татко.
Го објаснуваат кралскиот живот како приказна
Според некои извори, Кејт и Вилијам на Џорџ и на Шарлот им го појаснуваат кралскиот живот преку приказни. На овој начин тие им ги појаснуваат улогите што ќе ги имаат како возрасни луѓе.
Никогаш не говорат за работата пред Џорџ
Додека принцот Џорџ е сè уште дете, Кејт и Вилијам се трудат колку е можно повеќе да го поштедат од кралскиот живот, па така пред него никогаш не разговараат за кралските работи за да му остават простор да го слуша тоа кога ќе му дојде време.
Се обидуваат да го одгледаат во здрава средина за да биде самоуверен
Кејт и Вилијам се трудат да му обезбедат што е можно побезгрижно детство и се надеваат дека на тој начин тој ќе порасне во самоуверена личност што нема да биде срамежлива.
Фотки од принцот Џорџ:
Б. С. Б. | Црнобело