27-годишна мајка одговори на критиките дека е премногу слаба: „Ова е исто како кога исмевате некој што е дебел“
- Детали
- вторник, 20 јули 2021
Кејтлин Фладаџер од Канада сака луѓето да разберат дека е навредливо да му се потсмевате некому затоа што е слаб, слично како кога им се потсмевате и на луѓето со прекумерна тежина.
Оваа 27-годишна мајка им врати на критичарите што постојано ја исмеваат на социјалните мрежи дека е премногу слаба и ѝ велат дека треба да почне да јаде нездрава храна за да им се допадне на мажите.
Таа на Инстаграм редовно споделува мигови од нејзиниот живот како мајка, а вели дека луѓето ѝ препорачале да „земе еден хамбургер“ затоа што мажите „сакаат жени со месо на коските“.
Во порака до нејзините следбеници Кејтлин напиша:
„Потсмевањето за слабото тело е голем проблем затоа што не се говори за тоа доволно. Секогаш нè учат дека не треба да коментираме за нечиј изглед, да не прашуваме дали некој се здебелил. Но, кога стана во ред да коментирате дека некој е слаб и да претпоставувате дека тоа е поради дроги, изгладнување или заради тоа што има проблеми со здравјето? Ве молам запомнете дека потсмевањето на слабото тело постои и дека боли“ – напиша Кејтлин.
Таа ја објави фотографијата на Инстаграм, а до неа напиша некои од погрдните коментари што ги добила:
„Леле, ти правиш пополните луѓе да се чувствуваат подобро“, „Дали јадеш? Во каков однос си со храната?“, „Целосно сум за позитивност за телото, но таа е многу слаба“, „Таа најверојатно се бори со нарушување во исхраната, или можеби пак почнала да користи дроги, или се лекува од дроги“, „Мора да е убаво да си слаб, јас гладувам, ама не сум“, „Ваквите фотографии ѝ покажуваат на ќерка ти дека треба да биде премногу слаба како тебе. Тажно“...
Таа тврди дека во целост е здрава, а дека поради неодамнешната промена на насловната фотографија на Инстаграм се соочила со бројни невкусни коментари.
Инаку, таа им покажа и на оние што ѝ велеа дека „мажите сакаат малку месо“ па објави фотографии од неа и нејзиниот сопруг со кого е заедно уште од средно училиште.
Уште неколку фотографии од Кејтлин во продолжение:
https://www.instagram.com/p/CQKDnA-Lj3c/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело