Идентични близначки имаат партнери кои се идентични близнаци: „Кога луѓето ќе нè видат мислат дека гледаат дупло“
- Детали
- недела, 18 јули 2021
Иденитчните близначки Ванеса и Кериса Д'Арпино (25) од Медфорд, Орегон и идентичните близнаци Лукас и Џејкоб Шелби се запознале во јуни минатата година. Кериса и Џејкоб, но и Ванеса и Лукас веднаш се вљубиле, а сега двата пара живеат заедно.
Сестрите работат како лични тренери, а ги запознале идентичните близнаци (29), кои работат како спортски лекари, преку заеднички клиент.
„Јас и сестра ми пораснавме како најдобри другарки и секогаш бевме една покрај друга. Никој не нè познава како што ние си се знаеме меѓусебно и сите поважни работи во животот ги искусивме заедно. Никогаш не очекувавме дека ќе се вљубиме во браќа близнаци“ – вели Ванеса.
„Приказната за тоа како се запознавме е мошне интересна. Една од моите клиентки е медицинска сестра која го третирала Лукас во болницата. Таа ми кажа дека тој е близнак и мислела дека двете момчиња супер ќе се сложуваат со мене и со сестра ми. Ѝ дозволив да му го даде мојот телефонски број и Лукас ме побара следниот ден“ – раскажува таа.
По првиот двоен состанок, девојките велат дека се вљубиле на прв поглед. По една недела почнале официјално да се гледаат со браќата.
Кериса е родена неколку минути пред Ванеса и се гледа со „постариот“ близнак - Џејкоб. Ванеса и Лукас, пак, се „помладата“ двојка.
Само по три месеци состанување, двојките одлучиле да го направат следниот чекор и да почнат да живеат заедно.
Тие велат дека често им се случува луѓето да ги набљудуваат на улица и да им поставуваат прашања, но најчесто се восхитуваат на нивната уникатна приказна.
„Секако, ние знаеме како изгледаме, па не се мешаме меѓусебно. Но, оние што не нè знаат и ќе нè сретнат на улица велат дека им се чини како да гледаат дупло. Со оглед на тоа дека сме два пара идентични близнаци, навистина им е тешко на луѓето да нè разликуваат. Ние сме најдобри пријатели и добро се согласуваме. Сега кога живееме заедно, уште повеќе се зближивме“ – вели Ванеса.
Иако девојките велат дека размислуваат и за брак, откриваат дека најверојатно нема да прават заедничка свадба. Причината е тоа што во секој случај е подобро да имате две забави наместо една.
Б. С. Б. | Црнобело