Неверен маж е мета на критики – ја крстил ќерка му по името на љубовницата за да ја крие аферата
- Детали
- четврток, 15 јули 2021
Маж од САД си ја крстил ќерката како љубовницата, за во случај по грешка да го каже нејзиното име - сите да помислат дека зборува за ќерка си.
Приказната на Кристина од Кентаки за тоа како го добила нејзиното име стана вирална, најмногу бидејќи сигурно е единствената личност на којашто ѝ се случило тоа.
Имено, родителите на Кристина направиле договор кога мајка ѝ останала бремена со неа – ако е момче, името ќе го одбере мајката, а ако е девојче, името ќе го одбере таткото.
Мајка ѝ се породила со царски рез, а и двајцата родители го испочитувале договорот, па таткото го одбрал името Кристина и ги пополнил потребните документи.
На почетокот на сите им се допаѓало името, но набрзо дознале од каде татко ѝ добил инспирација. Наводно, тој имал љубовница по име Кристина, па решил да ѝ го даде истото име на ќерка си за да сопругата да не дознае за аферата во случај да му се испушти нејзиното име. ,
Односно, дури и ако случајно ја спомне љубовницата Кристина, сите ќе мислат дека зборува за неговата ќерка.
Сега девојката решила јавно да го разоткрие нејзиниот татко и ја споделува приказната на ТикТок:
„Сметам дека сите се крстени по некој или имаат слатка приказна за тоа како го добиле името… ова не важи за мене. Мајка ми се породи со царски рез. Била под дејство на многу лекови по породувањето, па татко ми ги пополнил потребните документи и одбрал да ме крсти Кристина.
Кога мајка ми се освестила името ѝ се допаѓало. Неколку месеци сè било во ред, сè додека мама не дознала дека тато ја изневерува. И, погодете како се викала другата жена. Кристина.
Па, ако по грешка ѝ довикнел на мајка ми со името на љубовницата, таа ќе мислела дека зборува за мене“, вели Кристина во видеото.
@keepingitkristina I just hope I make my namesake proud ? #storytime #story #name #cheater #stitch #prouddad #daddysgirl #GossipGirlHere #fypシ #foryou #viral #trending
♬ original sound - keepingitkristina
Од коментарите на објавата станува јасно дека сите кои го изгледале видеото се во неверување, а повеќето од корисниците нагласуваат дека татко ѝ e многу себична личност.
„Не ми се верува. Тоа е многу себично“.
„Што?!?! Тоа е брутално!“
„Да сум на твое место би си го сменила името“.
А, некој споделил и слично искуство:
„Тато ме крсти по девојка што му се допаѓала во основно, а кога мама дозна го прободе со виљушка“.
Спирова С. | Црнобело