„Дечко ми ме остави во болница за да гледа фудбал – ме нарече себична што сум му ѕвонела за време на натпреварот“

Голем број девојки не можат да го разберат фанатизмот со којшто нивните партнери ги следат спортските натпревари. Оваа девојка побара совет од корисниците на социјалните мрежи откако имала неубаво искуство.

Namesto-da-me-zeme-po-operacija-dechko-mi-me-ostavi-sama-vo-bolnica-za-da-gleda-fudbal-so-drugarite-dali-jas-sum-losha-01.jpg

Таа својата приказна ја сподели на Reddit. Како што вели, претходно го замолила нејзиното момче да ја земе од болница по операција, истиот ден кога се одигрувал натпреварот од полуфиналето на Еуро 2020 меѓу Англија и Данска.

„Минатиот викенд не се чувствував добро и излезе дека е воспаление на слепо црево. Бевме на одмор, па имав операција во болница на 3-4 часа оддалеченост од дома. Имаше и мала компликација за време на операцијата, па ме задржаа до средата.

Мојот партнер мораше да се врати дома за да оди на работа во понеделникот, но се врати да ме земе од болница. ’Тајмингот‘ беше лош затоа што во тој период имаше важен натпревар и нему навистина му беше важно да го следи. Јас не сум од Англија и не ја сфаќам важноста, ама штом нему му е важно, сакав да го гледа натпреварот.

Му предложив да земеме соба во близина на болницата за да не го пропушти натпреварот додека се возиме назад, но тој ми рече дека сакал да го следи натпреварот кај другар. Рече дека ќе стигне“ – раскажува таа.

Сепак, процедурата за отпуштање од болницата дополнително се одложила, поради што нејзиниот партнер станал мошне вознемирен. Поради рестрикциите морал да чека во автомобилот на паркингот, а по неколку часа чекање одлучил да си замине.

„Ми испрати порака во која ми кажа дека мора да тргне инаку ќе го пропушти натпреварот. Го молев да не си оди и го потсетив дека можеме да земеме хотелска соба. Но, тој си замина без мене и стигна да го види почетокот на натпреварот. Рече дека другиот ден ќе дојде да ме земе“ – пишува таа.

Namesto-da-me-zeme-po-operacija-dechko-mi-me-ostavi-sama-vo-bolnica-za-da-gleda-fudbal-so-drugarite-dali-jas-sum-02.jpg

По ова почнале вистинските проблеми, затоа што во болницата не ѝ дозволувале да остане уште една ноќ, а не ја пуштале ниту да си оди сама. За среќа, една од нејзините пријателки дошла да ја земе, па така во Лондон стасала во 2 часот по полноќ.

Како што вели, повеќе пати се обидувала да му се јави на дечкото и му пишала повеќе пораки, но тој ѝ рекол дека ќе разговараат следниот ден. А следниот ден, тој не се извинил, туку се чувствувал повредено:

„Ми рече дека сум најсебичната личност во светот затоа што постојано сум му ѕвонела и сум му пишувала за време на натпреварот и дека сум му го расипала задоволството и сум го засрамила пред другарите.

Ми рече дека не може ниту да ме гледа и дека носам толку многу драма со мене што било понижувачко за него. Се чувствувам загубено. Мислам дека можеби не сум во право затоа што не го разбирам културното значење и барам од дечко ми да вози за да ме земе. Но, од друга страна можевме да го гледаме натпреварот во хотелска соба и немаше да бидам сама во болница во друга соба. Дали јас сум лошата?“ – прашува таа.

Коментарите на Reddit во однос на нејзината приказна се различни. Има такви што велат дека е премногу драматична и дека итно било да ја однесат во болница, но дека не е итно да ја земат.

Namesto-da-me-zeme-po-operacija-dechko-mi-me-ostavi-sama-vo-bolnica-za-da-gleda-fudbal-so-drugarite-dali-jas-sum-03.jpg

Сепак, многу е поголем бројот на оние што сметаат дека ова е „црвен сигнал“ и дека треба веднаш да го напушти момчето, затоа што тој ја напуштил, ја оставил сама во друга држава и за однесувањето на момчето велат дека е насилничко.

Namesto-da-me-zeme-po-operacija-dechko-mi-me-ostavi-sama-vo-bolnica-za-da-gleda-fudbal-so-drugarite-dali-jas-sum-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело / фото: Depositphotos/ Freepik

Би можело да ве интересира:

„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg