Емотивна разделба: Кога дознал дека кучето му умира – со градежна количка го искачил на планина за последен пат
- Детали
- петок, 09 јули 2021
Миленичињата се дел од семејството. Тешко е кога треба да се разделиме од нив, а кога овој човек дознал дека неговото куче нема да живее уште долго, одлучил со количка да го однесе на неговото омилено место, за последен пат.
Простувањето со долгогодишниот миленик е исто како да се простувате со член од семејството. На овие емотивни фотографии се гледа како сопственикот на куче одлучил со количка да го качи својот миленик за последен пат на неговото омилено место во планините.
За време на нивното 10-годишно дружење, кучето Монти од расата „лабрадудл“ уживало да ги истражува ридовите и планинските врвови заедно со неговиот сопственик Карлос Фреско (57).
Нивно омилено место бил врвот Пен и Фен во Велс, каде тие честопати оделе заедно низ годините.
Карлос вели дека знаел дека наскоро доаѓа крајот на нивното долгогодишно дружење, откако претходно било утврдено дека Монти повторно заболел од рак.
Цели 18 месеци малиот херој се борел со тешката болест, а неговиот сопственик сакајќи да му удоволи, одлучил за последен пат да го однесе на неговото омилено место.
Со оглед на тоа што Монти бил мошне исцрпен од болеста и не можел сам да се качува по стрмните патеки, Карлос овојпат го носел во градежна количка.
„Луѓето што ги сретнавме на планината беа мошне љубезни и беа тажни поради состојбата во којашто се наоѓаше Монти. Всушност, сосема непознати луѓе прашуваа дали може да ми помогнат да го искачиме Монти на неговото последно патување. Би сакал да им се заблагодарам за поддршката, охрабрувањето и искрената загриженост за Монти“ – вели тој.
Монти починал на денот на татковците (21.06) додека лежел на креветот на неговиот сопственик, а Карлос морал да ја крие тажната вест од другите членови во семејството за да не им го расипе денот.
Повеќе фотографии од последното заедничко патување на Карлос и Монти во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело