Девојка дала отказ на денот на свадбата на шефот – неговиот одговор ја оставил со подзината уста
- Детали
- петок, 09 јули 2021
Никогаш не е лесно да дадете отказ, ама оваа 18-годишна девојка останала шокирана откако добила порака од нејзиниот шеф. Не очекувала дека ќе добие низа навреди.
Киара Клер (18) работела во паб во Манчестер и дента кога му пратила порака на шефот со која што сакала да му најави дека планира да даде отказ, добила повратна порака во која биле наредени низа навреди.
Шефот видно вознемирен затоа што таа му пишала на денот на неговата свадба ѝ одговорил дека таа е „бескорисен работник“ и „празноглав позер“.
Таа во пабот King’s Ransom работела од мај минатата година, но откако го информирала шефот дека нашла друго работно место ја добила следната порака:
Инаку, како што појаснува Кира, таа претходно го информирала шефот дека аплицирала на друго работно место и дека планира да оди на пробна смена таму. На почетокот тој ѝ дал поддршка, па затоа останала комплетно шокирана откако ја добила навредливата порака од него.
Б. С. Б. | Црнобело