Таму се сончаат и рекреираат - Гробиштата „Асистенс“ се омилено место за прошетки на Данците
- Детали
- вторник, 11 април 2023
Во прв миг можеби ви звучи морбидно и бизарно, но гробиштата „Асистенс“ се едно од најпосетените места за прошетки во Копенхаген, Данска.
На овие гробишта се наоѓа вечниот дом на некои од најпознатите личности од Данска, како писателот Ханс Кристијан Андерсен и познатиот филозоф Серен Кјеркегор, а поради природните убавини овие гробишта се едно од омилените места за прошетки како за локалното население, така и за посетителите.
Според фотографиите може да се види дека гробиштата „Асистенс“ навистина пленуваат со својата убавина.
Раскошни дрвја, патеки, големи полјанки со цвеќиња, жални врби... Природата создала вистински рај, така што и воопшто овие гробишта не наликуваат на место каде со години наназад почиваат голем број Данци.
Денес, гробиштата не се само гробишта, туку истовремено се и место каде се оддржуваат културни настани, но и функционираат како јавен парк.
Така, преку ден може да се забележат луѓе што џогираат на гробиштата, млади што се дружат и што се забавуваат, семејства што одлучиле да одат во прошетка и секако туристи што дошле да ги посетат вечните домови на познатите личности.
Во текот на годината на ова место се одигруваат и бројни театарски претстави и се одржуваат голем број културни настани.
Доколку сè уште се прашувате зошто е тоа така, доволно е само да погледнете некои од фотографиите на социјалните мрежи и сè ќе ви стане јасно.
Погледнете повеќе фотографии од омилениот парк на Данците:
https://www.instagram.com/p/CLHtCmfMD6E/
Б. С. Б. | Црнобело