„Пет месеци откако се породив дознав дека имам рак на дојка – децата ми дадоа сила да го победам“

Пет месеци откако се породила со третото дете, оваа мајка забележала јазол на дојката. Прво сметала дека е затнат канал, но кога и по недела дена пумпање, не можела да се ослободи од јазолот, решила да се јави на лекар.

Pet-meseci-otkako-se-porodiv-doznav-deka-imam-rak-na-dojka-kako-decata-mi-dadoa-sila-da-se-izboram-so-teshkata-bolest-01.jpg

Џена Лосурдо е мајка на три деца. Таа објави искрена исповед во која говори како успеала да го победи ракот на дојка и како само пет месеци по раѓањето на третото дете открила дека има рак.

Како што вели, првично кога забележала јазол на дојката сметала дека има затнат канал, затоа што претходно додека ги доела и двете деца имала проблеми со маститис.

View this post on Instagram

A post shared by JENA LOSURDO (@jenalosurdo)

„Откако помина една недела, јазолот на мојата града не се губеше. Всушност стануваше поцврст, па решив да се јавам на лекар. Лекарот ја знаеше мојата историја со маститис и одлучи дека треба прво да ми даде 10-дневна терапија со антибиотик“ – раскажува таа и додава дека на деветтиот ден од терапијата лекарот ѝ се јавил и ѝ препорачал да направи дополнителни прегледи за да бидат сигурни што се случува, но неговата првична дијагноза била дека најверојатно се работи за циста.

По ова откако ѝ бил направен ехо-преглед, како што раскажува, лекарот веднаш побарал да се направи и биопсија.

По две недели кога конечно биле готови резултатите од биопсијата, таа отишла кај нејзиниот лекар и како што вели, сестрата дошла бледа, гледала во неа како да видела дух и ѝ рекла: „Џена мораш да седнеш. Не знам како да ти го кажам ова, но малиген е. Имаш рак на дојка. Жалам“.

„Не знам ниту како стасав до дома, но се сеќавам дека му се јавив на сопругот, на мајка ми, на најдобрата пријателка. Зошто ми се случуваше ова? Имав само 27 години, живеев здрав животен стил. Она што постојано го повторував е дека не можам да ги оставам моите ќерки без мајка. Кога стигнав дома моето семејство ме чекаше пред врата и се втурнав во прегратката на сопругот и плачев“ – вели таа.

По ова се сретнала со експерти кои препорачале отстранување на дојките, исто така било утврдено дека карциномот се проширил и на лимфните жлезди, па ќе биде потребна и хемотерапија.

Првично ѝ била препорачана хемотерапија во траење од 16 недели. Како што вели, особено била исплашена кога почнала со првите хемотерапии што биле нарекувани „црвениот ѓавол“, а по нив се чувствувала исцрпено и мошне лошо.

Но, за среќа нејзиното семејство ѝ било главна мотивација за да се избори со болеста.

„За среќа ги имав девојчињата за да им се вратам и да ме турнат напред. Тие беа мојата сила и сè што направив, направив за нив. Тие беа премногу мали за да разберат дека мама е болна и дека ѝ треба помош.

Кога косата почна да ми паѓа и сопругот ми ја избричи главата, им кажавме дека мама не се грижела за косата и сме морале да ја скратиме. Не сакав да се грижат за мене. Во оние денови кога бев уморна и ми требаше да одморам им велевме дека ќе одат кај нивните братучеди за да си играат“ – вели таа.

Сепак, и покрај тешките моменти, најважното е тоа што целата приказна среќно се завршила. Два дена по операцијата добила порака од лекарот дека лимфните јазли се чисти.

„Не можев, а да не заплачам. Целата болка и чувството на загуба вредеше. Морав да престанам да дојам, ја загубив косата и загубив вредно време со моите деца, ама сето тоа вредеше на крајот. Конечно можев да дишам“ – вели таа и додава дека следните 33 зрачења ѝ поминале веднаш.

Таа сега, година и пол по сите третмани вели дека се чувствува одлично, но својата приказна ја споделува на социјалните мрежи со цел да ја поткрене свеста за страшната болест, дека и на младите жени може да им се случи, па проверките се задолжителни, но и за да им даде поддршка на сите оние што во моментот се борат. Има надеж!


Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Растеле во мизерни услови со родители алкохоличари - светски ѕвезди кои биле сиромашни како деца Џастин Бибер немал пари ни за сок. Ники Минаж секоја вечер на колена се молела д...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg