Директорот на Uber со хит потег: Доставувал храна 3 часа за да види како им е на вработените – заработил 100 долари

Генералниот директор на Uber сакал да види како изгледа денот на неговите вработени во одделот за достава, па доставувал храна во елече и кацига – мислите дека има и кај нас вакви директори?

Generalniot-direktor-na-Uber-sakal-da-vidi-kako-e-da-si-dostavuvach-na-hrana-za-negovata-kompanija-01.jpg

Генералниот директор на Uber, Дара Косровшахи решил дел од викендот да го помине работејќи за одделот за достава на компанијата Uber Eats. Тој своето искуство го сподели на социјалната мрежа Твитер.

Тој кажа дека поминал неколку часа од викендот во доставување храна, а можеме да го видиме дека на фотографијата носи заштитна кацига и зелен ранец со кој ја пренесува храната.

Во неговите твитови вели дека успеал да заврши 10 достави за само 3,5 часа и заработил 106,71 долар, заедно со бакшишот. Со ова пресметал дека за еден час се заработуваат околу 30 долари. Но, по првичните објави имаше критики, затоа што на првата фотографија се гледа дека заработил само 98, 91 долари. 

Дополнително, дел од корисниците побараа тој да објави фотографија каде се гледаат сите детали од неговото работење, па на нив можеше да се види дека работел 6 часа. Со тоа, хонорарот од 106, 71 долари кога ќе се подели на 6, саатницата се намалува на околу 17 долари.

Според портпарол на компанијата, несоодветностите биле поради тоа што тој земал пауза и поради одделни бакшиши што биле исплатени по завршувањето на смената. Клиентите на UberEats може да додадат бакшиш 90 дена по направената нарачка.  

https://twitter.com/dkhos/status/1409563389328728066/photo/1

Инаку, вработените во компанијата за достава се платени за доставата, но и за изминати километри (милји). 

Косровшахи решил повторно да се обиде да биде доставувач и во текот на неделата, и како што вели, поминал полошо отколку првиот ден. Имало голем метеж во сообраќајот.

Доставата до становите била „тешка“, имал многу поголем број нарачки за брза храна, а бакшишот бил мал. Овој ден, генералниот директор го завршил со заработени само 50 долари. 

На прашањето дали го препознале клиентите, тој одговори дека маската си има свои предности.

Инаку, вработените во минатото говореа дека во компанијата немаат можност за редовни приходи, но и за тоа дека работното место не им нудело никакви бенефиции.

Вообичаено доставувачите во САД заработуваат околу 13 долари на час. На Твитер голем број корисници коментираа за веродостојноста на неговите објави, но имаше и такви што го пофалија дека направил добар маркетинг трик.

Сепак, не веруваме дека Косровшахи во скоро време ќе ја промени професијата. Тој во периодот на 2020-тата година заработил над 12 милиони долари, заедно со инвестициите во акции.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
„Потрошив 50.000 долари за да личам на Мерилин Монро – мислам дека не ми стои добро“ Направила операции на градите, носот, задникот, вградила ботокс и филери, коишто...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg