Драстична трансформација: Кога ќе се среди е двојничка на Анџелина Џоли, а како изгледа без шминка?
- Детали
- петок, 25 јуни 2021
Оваа девојка постојано објавува свои видеа на ТикТок на кои во голема мера наликува на холивудска филмска ѕвезда, но отиде чекор понатаму и покажа како изгледа навистина и ги шокираше сите.
Тиктокерката Микајла Мераз кога ќе се нашминка и ќе се среди велат дека наликува на Анџелина Џоли, но таа гордо се нарекува себеси „измамничка“. Откако ги сподели своите фотографии од тоа како изгледа во опуштено издание никој не може да верува дека е истата личност.
На ТикТок се појави уште едно видео кое говори за моќта на шминката. Така оваа девојка покажа дека шминката може во целост да ѝ го трансформира ликот. Таа себеси гордо се нарекува „измамничка“ и објави фотографии на кои може да се види како изгледа со и без шминка.
Огромната трансформација направила видеото што Микајла го објави на ТикТок за брзо време да стане вирално. Видеото досега има близу 7 милиони прегледи, а на него може да се види како природно изгледа девојката за која велат дека е двојничка на Анџелина Џоли.
Во коментарите до видеата што таа редовно ги објавува, има коментари во кои некои корисници тврдат дека тоа не е истата личност, а еден оди дотаму што вели дека поради такви ситуации има проблем со довербата.
Иако некои ја критикуваа поради употребата на шминката и на филтерите, со кои целосно го менува изгледот, други пак ја пофалија затоа што покажува дека не изгледа како холивудска филмска ѕвезда 24/7.
Погледнете го видеото:
@makaylameraz ♬ original sound - cocojones
Б. С. Б. | Црнобело