Се откажал од работата, куќата, хипотеката: Седумчлено семејство живее во дом на тркала од 30 m2

Ја оставил зад себе куќата, хипотеката, работното место како свештеник и одлучил заедно со сопругата и петте сина да живее во дом на тркала. По неколку години номадски живот во 30 m2 решиле да се сместат во Хаваи, а сега патуваат само во текот на летото.

Se-otkazal-od-rabotata-kukjata-hipotekata-sedumchleno-zemejstvo-zivee-vo-dom-na-trkala-od-30-m2-01.jpg

Во 2015-тата Трент и Шибан Вокер заедно со нивните пет деца заминале на патување во Калифорнија и се вљубиле во патувањето. Трент Вокер по занимање е свештено лице и вели дека тој и неговото семејство „сакаат да направат сè што можат за да го направат светот поубаво место“, па така одлучиле да одат на патување во Калифорнија.

Додека биле таму, семејството Вокер помагало на една организација што собира овошје и зеленчук од фарми и им ги праќа производите на загрозените семејства од целиот свет.

По ова, семејството мошне сакало да патува, но не можеле да остават сè зад себе, особено затоа што имале хипотека на куќата во Батл Крик, Мичиген.

Se-otkazal-od-rabotata-kukjata-hipotekata-sedumchleno-zemejstvo-zivee-vo-dom-na-trkala-od-30-m2-02.jpg

„Чувствувавме дека ни треба да видиме повеќе работи. Ни требаше да се разбудиме во животот и во убавината на природата. Јас и сопругата убаво разгледавме што правиме со животот и сфативме дека би биле послободни доколку ја немаме хипотеката“ – вели Трент.

По ова тие одлучиле да ја продадат куќата и да купат дом на тркала каде нивното семејство ќе може да живее постојано. Во тој период тие имале пет мали сина: најмалиот син имал 1 година, а најстариот 9 години.

Сосема очекувано, најстариот син најтешко ја прифатил промената затоа што требало да ги напушти другарчињата, но и бејзбол тимот.

„Нему му беше малку потешко затоа што тој имаше сеќавања и беше носталгичен за градот каде што живеевме. Тој имаше пријатели и тоа беше многу голема жртва за него“ – вели Трент.

Se-otkazal-od-rabotata-kukjata-hipotekata-sedumchleno-zemejstvo-zivee-vo-dom-na-trkala-od-30-m2-03.jpg

Трент го нашол домот на тркала на интернет и возел до Аризона за да го купи на самото место. Така започнала приказната на седумчленото семејство што одлучило да се пресели во новиот дом од само околу 30 m2.

Сепак, откако прв пат тргнале на патување забележале дека нивниот нов дом треба да претрпи одредени уредувања. Првично, Трент и Шибан ја зеле спалната соба, а децата ги распоредиле на кревети на расклопување во дневната соба, со тоа што најмалото било сместено во монтажно креветче во кујната. Сфатиле дека овој распоред воопшто не е соодветен.

Se-otkazal-od-rabotata-kukjata-hipotekata-sedumchleno-zemejstvo-zivee-vo-dom-na-trkala-od-30-m2-04.jpg

„Се чувствуваме како затвореници во спалната соба затоа што кога децата ќе си легнеа моравме да чекаме додека да заспијат“ – вели Трент.

По ова, одлучиле во дневната соба да стават кауч што се расклопува во кревет за Трент и Шибан, па на тој начин имаат побрз пристап до кујната и тоалетот додека децата спијат. Велат дека сега имаат доволно простор, па Шибан дури може да вежба јога секое утро.

Se-otkazal-od-rabotata-kukjata-hipotekata-sedumchleno-zemejstvo-zivee-vo-dom-na-trkala-od-30-m2-05.jpg

Велат дека кујната што зафаќа цел дел од домот на тркала има доволно простор за сите седум членови во семејството да седнат и да вечераат. Иако признаваат дека масата не ја расклопуваат сè додека не се во целост подготвени да седнат на вечера.

Se-otkazal-od-rabotata-kukjata-hipotekata-sedumchleno-zemejstvo-zivee-vo-dom-na-trkala-od-30-m2-06.jpg

Веднаш до кујната е и бањата која е поделена во два дела. На едната страна има туш, тоалет и мијалник. На другата страна има гардеробер, каде освен облеката, семејството ги чува и резервите храна.

Se-otkazal-od-rabotata-kukjata-hipotekata-sedumchleno-zemejstvo-zivee-vo-dom-na-trkala-od-30-m2-07.jpg

По овие две простории доаѓа детската соба, каде спијат сите пет момчиња. Освен тоа, просторот над креветчињата на децата е искористен за висечки елементи.

Se-otkazal-od-rabotata-kukjata-hipotekata-sedumchleno-zemejstvo-zivee-vo-dom-na-trkala-od-30-m2-08.jpg

„Луѓето не разбираат, но ова навистина е нашиот дом, особено за нашите помали деца кои воопшто не се сеќаваат на куќата во Батл Крик во Мичиген. Тие не се сеќаваат дека тоа им било дом. За нив домот е нашата машина на четири тркала“ – вели Трент.

Трент и Шибан имаат свој YouTube канал каде објавуваат видеа од трансформацијата на нивниот дом на тркала, но и од тоа како изгледа нивниот живот.

Кога ја продале куќата, Трент морал да се откаже и од работното место како свештеник. Основните средства за егзистенција ги обезбедуваат така што формирале музички бенд и заедно со децата настапуваат во цркви, кафулиња и на домашни забави. Но, номадскиот живот не можел да трае постојано. Децата растат, а со тоа се менуваат и нивните потреби.

Во моментов нивниот најстар син има 15 години, а најмалиот 6 и сите го прифатиле животот на тркала, но сепак морале да најдат и трајно решение.

https://www.instagram.com/p/CFp_6uiBwYr/?utm_source=ig_web_copy_link

Затоа во последните години семејството одлучило да живее само делумно во домот на тркала. Во 2019-тата тие се преселиле на Хаваи, но не се откажале од нивниот дом на тркала во целост. Во текот на летните месеци тие повторно се пакуваат и се селат во просторот од 30 m2 каде нивните деца го поминале најголемиот дел од раното детство.

Se-otkazal-od-rabotata-kukjata-hipotekata-sedumchleno-zemejstvo-zivee-vo-dom-na-trkala-od-30-m2-09.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Од Англија се преселив во Бугарија – конечно си ја купив куќата од соништата“ (видео) Британка која со семејството се преселила во Бугарија вели дека платила 26.000 е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg