Необичен рекорд: Најсилната жена во Шкотска скрши 3 лубеници помеѓу нозете за само 13 секунди (видео)
- Детали
- среда, 16 јуни 2021
За колку време ќе скршите три лубеници помеѓу нозете? Веројатно нема да успеете дури и да го имате цело време на светот... Жената што ја сметаат за најсилната жена во Шкотска успеа да скрши 3 лубеници за нешто помалку од 15 секунди, и тоа само со притискање на овошјето помеѓу бедрата.
Емаџејн Смит се појави на This Morning и во живо се обиде да го сруши рекордот во кршење лубеници помеѓу нозете на Украинката Олга Лиасчук од 2016-тата година. Тогаш, Олга успеа да ги скрши лубениците за 14 секунди и 65 стотинки.
За жал, за време на настанот немаше претставници од Гинисовата книга на рекорди, но Ема успеа да го сруши рекордот на Украинката и да ги скрши трите лубеници за 1 секунда и 52 стотинки помалку од Олга, односно за 13 секунди и 13 стотинки.
Инаку Емаџејн Смит во 2019-тата година беше прогласена за најсилната жена во Шкотска, а истата година влезе во потесниот избор и за најсилната жена во светот. Таа професионално се занимава со кревање тегови и со јавање.
Погледнете го видеото во кое Ема го сруши рекордот во брзо кршење лубеници помеѓу нозете:
Повеќе фотографии од Емаџејн во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело