Кога Сонцето наликува на „огнена“ полумесечина: Неверојатни фотки од соларната еклипса ширум светот
- Детали
- петок, 11 јуни 2021
Дел од жителите на североисточниот дел на САД, како и во одделни држави во Европа и Азија, вчера имаа можност да го проследат затемнувањето на Сонцето, што наликуваше на огнен прстен на небото.
Станува збор за феномен познат како прстенесто затемнување што се јавува кога Сонцето и Месечината се во иста линија, но привидната големина на Месечината е помала од онаа на Сонцето. Оттука Сонцето се појавува како многу светол прстен, кој го опкружува темниот диск на Месечината. Поради ова, на некои места Сонцето наликуваше на огнена полумесечина, односно, на огнен прстен.
Појавата на небото беше фотографирана од неколку локации, а најдобрите фотки се од местата каде што беше во целост видлива, односно од Канада, Гренланд и Сибир. Појавата беше делумно видлива во североисточните делови на САД, северна Европа и во северна Азија.
За жал, огнениот прстен не беше видлив над небото во Македонија.
Погледнете како изгледаше овој магичен феномен ширум светот:
Б. С. Б. | Црнобело