Принцот Филип денес ќе го прославеше 100-иот роденден – кралицата на себе носи драг свадбен подарок и засади роза во негова чест

Кралицата денешниот ден ќе го помине во приватност. Таа беше забележана со брошот во форма на пеперутка што ретко го носи, а бил свадбен подарок од нејзиниот починат сопруг. Дополнително креирана е и посебна роза во чест на 100-годишнината на Војводата од Единбург.

princot-filip-denes-kje-go-proslaveshe-100-iot-rodenden-kralicata-na-sebe-nosi-drag-svadben-podarok-i-zasadi-roza-vo-negova-chest-01.jpg

Принцот Филип почина на 9-ти април годинава, на 99 годишна возраст, а денес (10.06) требаше да го прослави својот 100-ти роденден.

Во пресрет на роденденот на нејзиниот долгогодишен партнер, пред два дена (08.06), Кралицата Елизабета беше забележана дека носи брош што претходно ретко го носела. Имено, брошот изработен од дијаманти и рубини таа го добила како свадбен подарок по јавната свршувачка со принцот Филип.

Kralicata-go-nosi-broshot-shto-i-bil-svadben-podarok-Princot-Filip-denes-trebashe-da-go-proslavi-100-iot-rodenden-02.jpg

На виртуелната аудиенција со Амбасадорот на Република Јужен Судан, Кралицата Елизабета (95) го носеше брошот во форма на пеперутка што бил подарок од Грофицата Доваџер од Онслоу за нејзината свршувачка со принцот Филип во 1947.

Kralicata-go-nosi-broshot-shto-i-bil-svadben-podarok-Princot-Filip-denes-trebashe-da-go-proslavi-100-iot-rodenden-03.jpg

Кралицата овој брош го носела во јавност само неколкупати, а за последен пат со него била видена на црковна служба во Сандрингам во 2019-тата година. Пред тоа последен пат била видена со него во 2012-тата кога била во посетата на Женскиот институт во Сандрингам.

Денешниот ден, кралицата ќе го помине приватно, но синоќа, во пресрет на роденденот на принцот Филип, таа засади роза во градината во Виндзорската палата, што Филип помогнал да се трансформира.

Розата наречена ’Војводата од Единбург‘ е со длабока розова боја и била специјално креирана за да се обележи стогодишнината на принцот. Таа ѝ била предадена на кралицата во текот на минатата недела од страна на претседателот на Кралското Хортикултурно здружение Кит Вид.

Kralicata-go-nosi-broshot-shto-i-bil-svadben-podarok-Princot-Filip-denes-trebashe-da-go-proslavi-100-iot-rodenden-04.jpg

„Иако беше мошне потресно, истовремено беше и вистинско задоволство да ѝ ја предадеме на покровителката на Кралското Хортикултурно здружение, нејзиното височество Кралицата, розата ’Војводата од Единбург‘ за да се одбележи денот што требаше да биде неговиот 100-ти роденден и да го запаметиме неговиот исклучителен живот. Посветеноста на војводата за кревање на јавната свест за зачувување на природниот свет е од огромна важност“ – рече Вид.

Kralicata-go-nosi-broshot-shto-i-bil-svadben-podarok-Princot-Filip-denes-trebashe-da-go-proslavi-100-iot-rodenden-05.jpg

Инаку, дел од парите заработени од продажбата на секоја од овие рози именувани според името на починатиот принц, ќе бидат насочени во The Duke of Edinburgh’s Award Living Legacy Fund чија што основна цел е да се помогне на што е можно поголем број луѓе да земат учество во the Duke of Edinburgh Award што се доделува на млади луѓе со исклучителни достигнувања и што е активна во над 140 земји.

Kralicata-go-nosi-broshot-shto-i-bil-svadben-podarok-Princot-Filip-denes-trebashe-da-go-proslavi-100-iot-rodenden-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg