Жена од САД случајно фрлила грепка со добивка од 1 милион долари - продавачите ѝ ја вратиле

Леа Роуз Фиега од Масачусетс си купила грепка од локална продавница, но бидејќи не забележала дека добивката изнесува 1 милион долари, ја фрлила. Но, сопствениците на продавницата ја покажале својата добрина и наместо да си ја земат, ѝ ја вратиле.

zhena-od-sad-sluchajno-frlila-grepka-so-dobivka-od-1-milion-dolari-prodavachite-od-koishto-ja-kupila-ja-vratile-01.jpg

The Guardian пренесува дека Леа Роуз Фиега од Масачусетс платила 30 долари за грепка, од продавница во близина на нејзиното работно место.

„Бев во брзање, на пауза за ручек, па само набрзина ја изгребав грепката, ја погледнав, не ми изгледаше како да има добивка, па му ја дадов на сопственикот на продавницата да ја фрли“, вели Леа.

Цели 10 дена грепката стоела зад касата, заедно со другите грепки без добивка кои требало да се фрлат, а никој од сопствениците не ја ни погледнал. Но, кога Аби Шах, синот на едниот од сопствениците, забележал дека дел од грепката не е изгребан, решил да го изгребе и тогаш сфатил дека добивката изнесува 1 милион долари.

Леа редовно пазарела во продавницата на Аби, па тие добро се познавале.

„Имавме многу измешани емоции. Не можевме да спиеме две ноќи. Но, мојот внатрешен глас ми рече ’Ова не е правилно. Знаеш кому му припаѓа грепката. Треба да ја вратиш‘. Па, го направив токму тоа“, изјави Аби за the Washington Post.

zhena-od-sad-sluchajno-frlila-grepka-so-dobivka-od-1-milion-dolari-prodavachite-od-koishto-ja-kupila-ja-vratile-03.jpgАби и неговото семејство

Целото семејство разговарало за ова и кога одлучиле дека мора да ја вратат грепката на добитникот, Аби отишол во канцеларијата на Леа.

„Влезе кај мене во канцеларија и ми рече дека мајка му и татко му сакале да ме видат. Му кажав дека сум зафатена, но тој ми рече дека морам да одам во продавницата. Па, отидов и ми кажаа. Не ми се веруваше. Плачев и ги прегрнав“, открива Леа.

zhena-od-sad-sluchajno-frlila-grepka-so-dobivka-od-1-milion-dolari-prodavachite-od-koishto-ja-kupila-ja-vratile-02.jpg

Во јануари годинава Леа се заразила со корона вирусот и речиси го изгубила животот, па вели дека се чувствува како оваа година двапати да добила лотарија. Истовремено, таа им е неизмерно благодарна на Аби и неговото семејство.

„Мислам, кој би направил нешто такво? Тие се прекрасни луѓе, а јас сум дефинитивно благословена“.

Продавницата на Аби ќе добие 10.000 долари од државната лотарија бидејќи ја продале грепката, но Леа вели дека ќе им даде дел од добивката поради нивната добрина. Парите што ќе ѝ останат ќе ги чува за пензија.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg