Исповед која наиде на критики: „Девојка ми остана парализирана, треба да ѝ бидам негувател цел живот –дали да ѝ раскинам?“

„Се чувствувам дека јас ќе бидам лошиот ако не се оженам со неа. Ја сакам, но тоа што таа остана парализирана навистина го промени нашиот начин на живот“ - вака започнува исповедта на маж кој наиде на критики, но и добри совети. 

Momche-prashuva-dali-da-ja-raskine-svrshuvackata-otkako-svrshenicata-stanala-nepodvizna-po-soobrakjajna-nesrekja-01.jpg

Велат дека љубовта кога е вистинска е посилна од сè, но дали е така. Некогаш само еден миг може во целост да ви го промени животот и да ве стави пред вистински предизвик. Така оваа објава на едно момче на Reddit предизвика лавина од коментари или околу 450 луѓе се обидоа да дадат свое мислење.

Момчето анонимно ја објави својата приказна на Reddit. Тој појаснува дека е во голема недоумица затоа што сè уште ја сака свршеницата, но е загрижен поради тоа како нејзиниот инвалидитет ќе се одрази понатаму врз нивниот начин на живот.

Како што вели, во иднина тој ќе треба да го помине животот како нејзин негувател и не е сигурен дали треба воопшто да стапи во брак со неа.

„Се чувствувам дека јас ќе бидам лошиот ако не се оженам со неа. Ја сакам, но тоа што таа остана парализирана навистина го промени нашиот начин на живот.

Да појаснам, таа стана неподвижна по сообраќајна несреќа, не поради болест. Размислувам за нашата иднина и не можам да видам дека добро ќе се согласуваме. Не можам со неа да бидам активен, сексот ќе ни биде предизвик и ќе станам нејзин негувател до крајот на животот.

Ова е мошне тешка одлука за мене. Не знам што треба да правам. Да раскинам со неа или да почекам уште малку за да видам дали ќе се предомислам?“ – прашува тој.

Momche-prashuva-dali-da-ja-raskine-svrshuvackata-otkako-svrshenicata-stanala-nepodvizna-po-soobrakjajna-nesrekja-02.jpg

Оваа објава, предизвика лавина од коментари на форумот. Некои му препорачаа да оди на терапија пред да донесе одлука, а други велат дека неговата свршеница заслужува некој подобар и дека тој воопшто не треба да стапи во брак доколку го поставува ова прашање.

„Како жена што остана парализирана по операција и чијшто сопруг најде начин да се справи со ситуацијата така што ме изневеруваше на секој чекор…

Се разведов од него, работев до смрт за да научам да правам сè одново и сега повторно ќе се омажам. Немој да ја сожалуваш. Или во целост си со неа, или не. Или можеш да ѝ помогнеш да биде подобро или можеш да ја презираш затоа што ти е товар. Само биди искрен“ – стои во еден од коментарите.

Други пак, нагласуваат дека во неговата објава тој е себичен и воопшто не размислува за чувствата на девојката.

„Таа заслужува некој што во целост ја сака, не некој што ќе остане со неа поради обврзаност. Ако ти не си вистинската личност, тогаш дозволи ѝ да го најде вистинскиот, немој да ја казнуваш со твоето сожалување.“

Momche-prashuva-dali-da-ja-raskine-svrshuvackata-otkako-svrshenicata-stanala-nepodvizna-po-soobrakjajna-nesrekja-03.jpg

„Ова воопшто не е ниту сожалување, тој воопшто не ги спомнува нејзините чувства … Туку се грижи да не изгледа „лош“ во очите на сите. Се грижи само за себеси од секоја перспектива“.

Во продолжение уште некои од коментарите:

„Искрено, ова е човек што бега кога нештата стануваат тешки. Би му препорачал да оди на терапија за да ги воочи сите други несигурности и да ја остави да најде некој подобар што ќе биде тука за неа. Вистински партнер. Таа заслужува некој подобар отколку некој што мисли само на себеси – дури и кога таа поминува низ еден од најтешките периоди во нејзиниот живот. Тоа што ти ќе изгледаш како лош не е важно. Ако не можеш да бидеш партнер – раскини за таа да може да си најде вистинска поддршка околу себе“.

Momche-prashuva-dali-da-ja-raskine-svrshuvackata-otkako-svrshenicata-stanala-nepodvizna-po-soobrakjajna-nesrekja-04.jpg

„Значи, ќе говорам како жена чијшто сопруг имаше покрупна операција на мозокот и кому му беше целосно изваден левиот нерв на лицето поради што во целост му се промени животот иако претходно бевме заедно само пет месеци (ова е дефинитивно различно од парализа, но слични се размислувањата кога треба да ги поддржиме како партнери).

Ако не сметаш дека можеш да ја сакаш партнерката безусловно и да ја поддржуваш додека заздравува и се приспособува, мора да ја пуштиш. Затоа што, да, некои денови ќе бидат мошне тешки и никогаш нема да биде како што било претходно. Можете заедно да „пораснете“ доколку и двајцата имате волја да се обидете и може да стигнете до нова точка во вашата врска. Ќе имате силна поврзаност ако останете заедно и можеби ќе најдете нови нешта што ќе ги цените еден кај друг.

Но, таа не треба да се чувствува како товар или како да не ти е партнер. Дефинитивно поддржувам разговор со психијатар да ги утврдиш сопствените чувства пред да донесеш одлука, но мора да бидеш реален за тоа колку труд имаш намера да вложиш во врската.

Врските бараат работа и посветеност дури и кога и двајцата партнери се физички и ментално здрави и способни. Не мора да значи дека ќе имаш повеќе работа во овој случај, но ќе мора да бидеш флексибилен и да сакаш да растеш. Ако не можеш да ја промениш сликата во твојата глава за тоа каков би требало да биде твојот живот, ниту еден од вас нема да биде среќен“.

Momche-prashuva-dali-da-ja-raskine-svrshuvackata-otkako-svrshenicata-stanala-nepodvizna-po-soobrakjajna-nesrekja-05.jpg

„Оф … Ако ова е вистинско, тогаш навистина те освестило. Ќе кажам дека веќе си сфатил дека не ја сакаш ’во здравје и во болест‘“.

Momche-prashuva-dali-da-ja-raskine-svrshuvackata-otkako-svrshenicata-stanala-nepodvizna-po-soobrakjajna-nesrekja-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело / фото: Freepik

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg