Отворен луксузен хотел во дворецот Версај – уживајте во кралскиот раскош за „само“ 1.700 долари од вечер (фото)
- Детали
- четврток, 03 јуни 2021
„Нека јадат торта“ - вака гласел одговорот на француската кралица Марија Антоанета кога ѝ кажале дека луѓето во нејзиното кралство немаат што да јадат. Често се говори за раскошниот живот на последната француска кралица, а сега тој раскош конечно им станува достапен и на обичните луѓе, барем на оние што можат да си дозволат да платат ноќевање во новиот луксузен хотел.
Неизбежен дел од патувањето во Париз е посетата на дворецот во Версај, а сега по цена од „скромни“ 1.700 евра од вечер, посетителите ќе можат и да преноќат во луксузниот хотел. Ова е првпат во историјата да се отвори хотел во познатиот дворец на француските кралеви.
Луксузниот хотел Le Grand Contrôle нуди формална вечера со пет оброци, како и низа други неповторливи искуства, како тури во просториите изградени за Луј XIV и Марија Антоанета, но и низ самата палата.
Објектот е реставриран од страна на архитектот Кристоф Толемер, а вклучува 14 раскошни соби и огромен апартман од 120 метри квадратни.
Секоја од просториите е именувана според важна личност од историјата на палатата. Освен тоа, посетителите ќе имаат можност да уживаат во автентичниот декор од 18-тиот век, забележителен во ткаенините, лустерите, уметничките дела и артефактите.