Со мајката болна од Алцхајмер заминал на патување околу светот: „Не ми беше товар, сакав само да биде безбедна и среќна“

„Луѓето сметаа дека ќе ми биде товар, но не беше така. Имавме тешки периоди кога бев млад и успеавме да ги пребродиме само затоа што имавме прекрасна мајка. Се чувствувам ужасно затоа што моето семејство немаше можност повторно да ја види, но тие не беа во можност да помогнат во грижата за неа, а нејзе ѝ требаше да биде безбедна и среќна.“ Со овие зборови Шон О Сали опишува што е она што го навело да го стави сопствениот живот „на пауза“ за да се грижи за мајка му која боледувала од Алцхајмерова болест.

So-majkata-bolna-od-Alchajmer-zaminal-na-patuvanje-okolu-svetot-Ne-mi-beshe-tovar-sakav-samo-da-bide-bezbedna-i-srekjna-01.jpg

Тој раскажува како одлучил дека ќе ја однесе прво подалеку од Ирска на кратко патување, за потоа да одат во авантура што траела цели 18 месеци или сè до нејзината смрт.

So-majkata-bolna-od-Alchajmer-zaminal-na-patuvanje-okolu-svetot-Ne-mi-beshe-tovar-sakav-samo-da-bide-bezbedna-i-srekjna-02.jpg

Благодарение на синот Шон (44), Мери уживала во фестивал на боите во Непал, шетала во планински предели во Италија и го почувствувала песокот под своите стапала во Јужна Африка за време на последните години од нејзиниот живот.

„Таа беше најдоброто нешто во мојот живот. Во животот ретко добиваме безусловна љубов, а таа секогаш ја даваше, иако имаше мошне тежок живот. Беше студено и темно и сакав да ја однесам некаде на поубаво место во текот на зимата. Мислев дека Алцхајмерот значи постојан пад, но кога стигнавме во Непал почна да ѝ се подобрува состојбата. Повеќе пешачеше, говореше повеќе, па дури и научи нови зборови“ – вели Шон.

Тој раскажува дека по ова одлучил да ја однесе мајка му на продолжено патување, што за жал завршило 18 месеци подоцна со нејзината смрт во Јужна Африка.

„Не можев да разберам што се случува и лекарите таму ми рекоа дека е поради новите случувања. Сите сакаа да разговараат со неа и нејзе тоа ѝ се допаѓаше. Многу ми недостига“ – вели тој.

Шон претходно живеел во Рим, но кога на мајка му ѝ бил дијагностицирана Алцхајмерова болест во 2013-тата година на возраст од 77 години, тој почнал почесто да оди во Даблин за да помогне во грижата за неа.

So-majkata-bolna-od-Alchajmer-zaminal-na-patuvanje-okolu-svetot-Ne-mi-beshe-tovar-sakav-samo-da-bide-bezbedna-i-srekjna-03.jpg

Во 2016-тата тој се грижел за мајка му 4 дена во неделата во куќата што Мери му помогнала да ја изгради неколку години пред дијагнозата, а во 2018-тата останатите членови на семејството почнале да разговараат да ја сместат во дом за нега, но Шон сметал дека тоа не е за неа.

„Не можев да ја оставам сама. Имаше медицински сестри што понекогаш доаѓаа за нега. Но, таа секогаш беше многу независна. Кога бев мал, таа го натера татко ми, кој беше алкохоличар и многу тежок човек да си оди. Таа го стори тоа во време кога жените во Ирска едноставно не правеа нешто такво и се бореше во животот иако голем дел од луѓето ја обвинуваа“ – вели тој.

So-majkata-bolna-od-Alchajmer-zaminal-na-patuvanje-okolu-svetot-Ne-mi-beshe-tovar-sakav-samo-da-bide-bezbedna-i-srekjna-04.jpg

Додека размислувал за тоа дали да ги прифати предлозите на членовите на семејството, тој одлучил да ја однесе на патување во Непал во 2018-тата година.

„Планирав да се вратиме по неколку месеци. Беше топло и таа можеше често да излегува. Се шетав покрај едно езеро и ги гледавме децата како си играат. Ќе дојдеа и ќе седнеа заедно со нас во кафуле и разговараа со неа, а и таа разговараше со нив“ – вели тој.

So-majkata-bolna-od-Alchajmer-zaminal-na-patuvanje-okolu-svetot-Ne-mi-beshe-tovar-sakav-samo-da-bide-bezbedna-i-srekjna-05.jpg

Откако видел дека во Непал има подобрување, одлучил да ја однесе во неговиот стан во Рим, а потоа и во куќата на еден негов пријател во планините во Умбрија.

So-majkata-bolna-od-Alchajmer-zaminal-na-patuvanje-okolu-svetot-Ne-mi-beshe-tovar-sakav-samo-da-bide-bezbedna-i-srekjna-06.jpg

По пад во Италија, на Шон му била потребна поголема помош за грижата за неа, па така неговиот пријател Тони му помагал.

Пет месеци подоцна, синот и мајката заминале на нова авантура во Кејптаун и иако Мери веќе била со доста влошена состојба Шон направил сè што може за таа да ужива во патувањето.

So-majkata-bolna-od-Alchajmer-zaminal-na-patuvanje-okolu-svetot-Ne-mi-beshe-tovar-sakav-samo-da-bide-bezbedna-i-srekjna-07.jpg

За жал, Мери станала целосно неподвижна во април 2019-тата, а во мај починала на возраст од 83 години.

„Кон крајот често знаеше да ме вика „тато“ и навистина се чувствува како да сум ѝ родител. Кога почина, се чувствува како да сум загубил ќерка. Морав да си го ставам животот на пауза за да се грижам за неа но ми даде многу. Морав да се откажам од љубовната врска затоа што не можев и на двете да им го дадам вниманието што им беше потребно, а таа тогаш ми беше главен приоритет. На работа почнав да одговарам на електронски пораки и повици само по неколку часа дневно, па така мојата компанија претрпе загуби. Во минатото бев доста амбициозен и целосно фокусиран на компанијата и истото го очекував од вработените, но сега само сакам да заработам доволно за нештата да одат како што треба“ – вели тој.

За крај тој вели иако во последните мигови гледал здравјето на мајка му опаѓа, сепак бил пресреќен што може да помине толку многу време со неа во последните години.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Млад пар вдомил теле како милениче: „Спие во гаражата, но преку ден е дома со нас“ За повеќето, чувањето миленик значи грижа за мачка, куче или, пак, хрчак или риб...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Растеле во мизерни услови со родители алкохоличари - светски ѕвезди кои биле сиромашни како деца Џастин Бибер немал пари ни за сок. Ники Минаж секоја вечер на колена се молела д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg