24-годишна девојка најмила актер и лажирала цела свадба за да го направи бившиот љубоморен
- Детали
- среда, 19 мај 2021
Раскинувањата можат да бидат многу трауматични, особено ако уште ја сакате личноста од којашто се разделувате. Но, додека повеќето бараат начин да ја преболат врската и да продолжат со животот, една девојка од Германија решила да се „одмазди“ – со лажна свадба за која најмила и актер кој ќе глуми момче, само за да го направи бившиот љубоморен.
24-годишната Сара Вилард од Франкфурт раскинала со нејзиното момче во 2019 година. Но, не можела да се помири со тоа, па решила да го направи бившиот љубоморен, односно да му покаже „што испушта“. Околу три месеци по раскинувањето, таа организирала цела лажна венчавка, а дури најмила и актер кој глумел дека е нејзиниот нов сопруг.
Сара и актерот направиле и свадбена фотосесија, а на целиот настан присуствувале и нејзините пријатели.
Младата студентка ја сподели нејзината приказна на TikTok, заедно со „свадбените“ фотки во видео, а открива и што се случило после „венчавката“:
„Бившиот дозна од Инстаграм и следниот ден ми пиша порака. Беше избезумен бидејќи помислил дека сум го изневерувала додека бевме заедно. Тоа, се разбира, не беше така. Но тој дојде кај мене и сакаше да разговараме. Јас му реков дека не сум заинтересирана“.
@sarahvilard Yup I’m crazy
-->♬ Gnarls Barkley Crazy Stephen Kramer Glickman - Gustavo Rocque
Иако звучи навистина лудо, очигледно Сара ја добила очекуваната реакција од бившиот и вели дека се чувствувала задоволно. Веројатно ова ѝ помогнало да го преболи момчето:
„Го блокирав на сите социјални мрежи и ги избришав фотографиите со него. Да, сега сум сингл и среќна сум за тоа. Можам да се фокусирам на себе“.
Јасно е дека Сара потрошила многу пари за лажната венчавка, но не ја открива точната сума.
„Сметам дека луѓето мислат дека сум луда. Но генерално, добив само позитивни реакции. Ми беше забавно додека го планирав овој мал проект со пријателите“.
Досега видеото на Сара е прегледано речиси половина милион пати, а корисниците имаат различни мислења за целата ситуација:
„Ова ниво на посветеност е или психопатско, или генијално“.
„Јас лично не гледам никаков проблем со ова“.
„Јас навистина се венчав само пет месеци откако раскинав со токсичниот партер и искрено тоа е најдобрата одлука што сум ја донела“.
Некои, пак, и се шегуваат:
„Девојко… а што е со медениот месец? Мислам дека треба да одиш до крај“.
Што мислите вие за оваа „одмазда“?
Спирова С. | Црнобело