Ја фотографирала бремената ќерка, а „уловила“ авион што принудно слетал на плажата полна со луѓе (фото+видео)
- Детали
- вторник, 11 мај 2021
Мајка сакала да направи фото-сесија со бремената ќерка, но ненадејно го снимила видеото од авионот од Втората Светска Војна што принудно слетал на плажа во Флорида и притоа ги довел во опасност посетителите.
Видеото е снимено на 17-ти април, а Кристан Одерсен која била 30 недели бремена во тој период била на плажата заедно со нејзиното момче Кајл Џонсон (23).
Авионот бил дел од воздухопловен настан, а морал да слета принудно на плажата каде имало голем број посетители кои безгрижно се капеле. Никој не заблежал дека моторите на авионот откажале и мислеле дека сè што се случува е дел од воздухопловниот настан.
Мајката на Кристан, Амбер, која во тој момент правела фотографии, брзо ја свртела камерата и успеала да го „улови“ мигот кога авионот се срушил во водата. За среќа никој не бил повреден во инцидентот.
„Ќерка ми Кристан сакаше да направиме фотографии од бременоста на плажа. Бевме таму околу 10 минути. Мојата 14-годишна ќерка Мија беше во водата и покажа дека авионот лета мошне ниско. Почнав да го фотографирам авионот како леташе пониско и пониско. Имаше луѓе насекаде. Мислев дека само ќе биде трик и никој не се движеше. Во следниот миг авионот отиде во водата и за среќа не удри во никого. Успеа да ги избегне сите затоа што никој не мрдаше“ – вели Амбер.
По ова пилотот, успеал да исплива од авионот, а наскоро дошле и спасувачки единици. Авионот бил неколку денови во водата, а потоа бил извлечен оттаму со помош на кран.
Според информациите авионот имал механички дефект и поради тоа, пилотот морал да изведе принудно слетување на плажата.
Погледнете го и видеото од принудното слетување на авионот објавено на Твитер:
@cnnbrk @CNN Cocoa Beach Air Show pic.twitter.com/gb5ea7r6gP
— kami moffitt (@KamiMoffitt) April 17, 2021
Everyone was safe pic.twitter.com/MCCPaDha8P
— kami moffitt (@KamiMoffitt) April 17, 2021
Б. С. Б. | Црнобело / фото: The Sun