Порано имала проблеми со неплодност, а сега секоја година е бремена – мајка од САД го роди 16-тото дете

Пати Хернандез од Северна Каролина го роди 16-тото дете по ред и ја продолжи нејзината невообичаена традиција името на детето да започнува на буквата K (англ. C), исто како и името на нејзиниот сопруг Карлос.

Dve-godini-nemozela-da-zabremeni-a-sega-sekoja-godina-ragja-po-edno-dete-Majka-go-rodi-16-toto-dete-01.jpg

Откако го родила синот Карлос Џуниор, Пати забременувала три месеци по секое ново породување. Пати и Карлос се запознале во црква во 2007-мата година и никогаш не користеле контрацепција. Велат дека било „божја волја да имаат толку многу деца“.

„Никогаш не верувавме дека ќе имаме толку многу деца. Имав проблем да забременам со Карлос цели две години... Мислам дека моето тело не беше подготвено“ - изјави Пати кога ја најави 16-тата по ред бременост.

Dve-godini-nemozela-da-zabremeni-a-sega-sekoja-godina-ragja-po-edno-dete-Majka-go-rodi-16-toto-dete-02.jpg

Бебето Клејтон е најновиот член на семејството Хернандез, а и неговото име започнува на буквата К. Сепак, таа открива дека овојпат имале проблем за да се сетат на име што почнува на оваа буква.

„Не можевме да смислиме име и името Клејтон само ми падна на ум. Сите деца имаат имиња што почнуваат на буквата К и сакавме да ја продолжиме таа традиција. Сопругот се вика Карлос... Тоа е во негова чест“ - вели таа, пренесува Mirror.

Dve-godini-nemozela-da-zabremeni-a-sega-sekoja-godina-ragja-po-edno-dete-Majka-go-rodi-16-toto-dete-03.jpg

„Бог нè благословил со сите овие деца и знам дека некои луѓе не се согласуваат и има злобни коментари на интернет, но за нас тоа е благослов. Никогаш не мислев дека ќе имам големо семејство, сè додека не почнав да раѓам бебиња. Потоа си помислив дека тоа е 'кул'. Зошто да не? Ако Бог сака да имаме уште деца, тогаш ќе имаме“ – вели таа.

Последен пат Пати се породила на 5-ти мај во 40-тата недела од бременоста. Таа вели дека најголем дел од сестрите ја препознале кога отишла да се породува.

Инаку, иако семејството Хернандез брои невообичаено многу членови, тие не добиваат никаква владина поддршка. Двојката има сопствен бизнис со компанија за чистење и заработува доволно, а се надеваат дека нивниот најстар син Карлос Џуниор (13) наскоро ќе може да помогне во семејниот бизнис.

Dve-godini-nemozela-da-zabremeni-a-sega-sekoja-godina-ragja-po-edno-dete-Majka-go-rodi-16-toto-dete-04.jpg

Двојката има три пара близнаци: Карла и Кејтлин (10), Келвин и Кетрин (6) и Кајлеб и Керолин (3). Покрај нив, тие се родители и на: Карлос Џуниор (13), Кристофер (11), Кристијан (9), Селест (8), Кристина (7), Керол (4), Камила (2), Шарлот (1), Кристал (1) и новороденото бебе.

Dve-godini-nemozela-da-zabremeni-a-sega-sekoja-godina-ragja-po-edno-dete-Majka-go-rodi-16-toto-dete-05.jpg

По ова лесно може да се заклучи дека Пати е бремена речиси секоја година од 2008-мата па наваму.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg