Маж виси од стаклен мост во Кина на височина од 100 метри откако силните ветрови го оштетиле (фото)
- Детали
- понеделник, 10 мај 2021
Стаклените мостови се сè поголема атракција во Кина. Но во петокот (07.05), корисниците на кинеската социјална мрежа Weibo почнаа дебата за безбедноста на стаклените мостови, откако силните ветрови го урнаа долниот дел на еден таков мост што се наоѓа во близина на градот Лонгџинг.
На фотографијата објавена на кинеската социјална мрежа може да се види дека еден турист останал да виси од мостот на висина од 100 метри, откако делови од стакленото дно биле откорнати од силниот ветер што дувал со брзина и до 150 километри на час.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, со здружените сили на пожарникарите, полицијата и шумарскиот персонал, туристот бил пренесен на безбедно по 45 минути поминати на мостот. Во моментов, човекот се наоѓа во болница каде што е подложен на психолошко советување поради преживеаната траума.
https://twitter.com/MattCKnight/status/1391028401906098184/photo/1
Иако нема подетални информации во кинеските медиуми за настанот, сепак корисниците на социјалната мрежа Weibo, која е слична на Twitter, отворија дискусија за тоа колку се безбедни овие мостови.
Во моментов одморалиштето каде што се наоѓа оштетениот мост е затворено, а ќе се спроведе дополнителна истрага на сите слични туристички атракции.
Како изгледаше стаклениот мост пред да се сруши:
Во продолжение повеќе фотографии од други стаклени мостови во Кина:
Б. С. Б. | Црнобело / Фото: Panda/CNN