Бремената Меган Маркл во накит од принцезата Дијана, Џеј Ло пее со мајка ѝ – концерт со вакцинирана публика (фото+видео)
- Детали
- недела, 09 мај 2021
На првото јавно појавување по скандалозното интервју кај Опра, бремената Меган на себе носеше Cartier часовник од принцезата Дијана, во вредност од 23.000 долари.
Со скандалозните изјави во интервјуто кај Опра, Меган Маркл и принцот Хари предизвикаа бурни реакции во јавноста, а дури сега војвотката од Сасекс го имаше првото јавно појавување.
За време на Global Citizen's VAX Live concert, принцот Хари имаше говор во живо, додека пак, бремената Меган, се појави виртуелно на видео снимка и како и секогаш, остави позитивен моден впечаток.
“Women, and especially women of colour, have seen a generation of economic gain wiped out. Since the pandemic began, nearly 5.5million women have lost work in the US, and 47million more women around the world are expected to slip into extreme poverty.”
— Omid Scobie (@scobie) May 9, 2021
—Duchess Meghan, #VaxLive pic.twitter.com/EU7QENYxYr
Таа е облечена во Carolina Herrera цветен фустан, комбиниран со Cartier часовник од принцезата Дијана, во вредност од 23.000 долари и уште неколку скапоцени парчиња накит.
Инаку, станува збор за хуманитарен концерт во склоп на кампања за вакцинирање, кој е прв од толку големи размери откако започна пандемијата, во публика имаше 27.000 вакцинирани здравствени работници и работници од други важни професии, а беа собрани околу 300 милиони долари кои ќе бидат насочени во набавка на вакцини низ светот.
Помеѓу изведувачите беше и Џеј Ло, која на сцената ја покани нејзината мајка и пееше за неа, а на настанот се појавија и многу славни личности како Бен Афлек, Криси Тајген, Џими Кимел, претседателот Бајден и многу други.
Видео од настапот на Џеј Ло:
М. М. | Црнобело