Како во старите, добри времиња: Во Ливерпул се одржа „пилот“ фестивал без маски и дистанца (фото+видео)

Додека ние за викендот ги славевме првомајските и велигденските празници во домашна атмосфера, во Обединетото Кралство во Ливерпул се одржа „пилот“ фестивал без маски и без социјално дистанцирање. Ако се суди според објавите на социјалните мрежи тоа било ноќ за паметење – исто како во старите добри времиња.

Kako-vo-starite-dobri-vreminja-vo-Liverpul-se-odrza-festival-bez-maski-i-bez-socijalno-distanciranje-foto-video-01.jpg

Во рамки на „пилот“ фестивалот се собраа околу 5.000 посетители, што воедно е најголемиот број на луѓе собрани на едно место во последните 13 месеци, односно од почетокот на пандемијата.

Речиси и да заборавивме како изгледа на едно место да се собрани толку многу љубители на музиката, кои уживаат во добра музика, пијалаци и добра забава, но и во прегратки, танцување и физички контакт.

Kako-vo-starite-dobri-vreminja-vo-Liverpul-se-odrza-festival-bez-maski-i-bez-socijalno-distanciranje-foto-video-02.jpg

Како што пишува BBC, овој фестивал е еден од пробните владини проекти во Обединетото Кралство чијашто цел е да обезбеди податоци за идните групни собири.

Сите посетители еден ден претходно морале да направат тест во еден од четирите центри наменети за тоа и им било дозволено да присуствуваат само доколку тестот бил негативен.

Kako-vo-starite-dobri-vreminja-vo-Liverpul-se-odrza-festival-bez-maski-i-bez-socijalno-distanciranje-foto-video-03.jpg

Исто така, им било препорачано да направат тестирања на денот на фестивалот, но и пет дена подоцна, односно следниот петок (7-ми мај). Овие податоци ќе бидат неопходни за да се увиди дали вирусот се проширил.

Kako-vo-starite-dobri-vreminja-vo-Liverpul-se-odrza-festival-bez-maski-i-bez-socijalno-distanciranje-foto-video-04.png

Освен толпата што имала цел само да се забавува, на фестивалот биле присутни и научници кои ги проучувале и другите фактори како: движење, комуникација, вентилација, времетраење, кетеринг и консумација на алкохол. Забележителни биле и луѓе со папки кои постојано воделе белешки.

Kako-vo-starite-dobri-vreminja-vo-Liverpul-se-odrza-festival-bez-maski-i-bez-socijalno-distanciranje-foto-video-05.jpg

Ова е со цел да се добијат податоци на кој начин би можела да се отвори сезоната на летни фестивали по 21-ви јуни кога теориски би требало да бидат завршени и рестрикциите за социјален контакт.

Повеќе фотографии и видеа од настанот во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело / фото: Инстаграм/Твитер

Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„Имам ретко генетско нарушување: Последен пат јадев пред 4 години, не смеам да пијам вода“ „Што и да правам, мојот ден запира во 16 часот - мора да сум дома за да примам и...
„Шетаат боси во канцеларија, одат голи во сауна: Што ме изненади најмногу кај Финците?“ „Она што не го знаев сè додека не се преселив таму е дека културната норма е во ...
16 години ја крие од целиот свет – Која е сопругата на „крвавиот принц“ од Саудиска Арабија? Западните медиуми пишуваат дека еднаш била толку претепана што морала да заврши ...
„Доби 20 кила мускули за 6 недели со Фотошоп“ – Францускиот претседател мета на потсмев заради новит... „Роки Макрон“ - францускиот претседател Емануел Макрон доби нов прекар откако не...
„Ги терам синовите од џепарлакот да плаќаат и за сметките – нека се учат од мали“ Дали деца на 6 години треба да размислуваат за сметки и пари? Синовите на оваа А...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg