„Мајка на плажа на Хаваи ме нападна дека костимот за капење ми бил несоодветен - дали беше во право?“
- Детали
- среда, 05 мај 2021
„Кога ја погледнав ја прашав дали има некој проблем и таа ми кажа дека не сакала да го гледа мојот задник и женски делови“, раскажува Савана, а нејзиното видео поттикна онлајн дебата.
Савана Симс била на одмор на Хаваи и уживала во сончањето на плажа, кога блиску до неа седнало семејство. Мајката од семејството била вознемирена од костимот за капење на Савана и ѝ се обратила дека костимот ѝ е несоодветен и треба да ја напушти плажата.
Савана ја раскажува ситуацијата на својот ТикТок профил и во кадар го покажува својот дводелен зелен костим за капење со полутанга кој според неа изгледа пристојно.
Савана вели дека ситуацијата ја изнервирала многу и дека ова е најлошото искуство на плажа за неа иако носела сосема обичен костим за капење.
„Кога ја погледнав ја прашав дали има некој проблем и таа ми кажа дека не сакала да го гледа мојот задник и женски делови, иако јас лежев на грб и речиси и не можеше да ми го види задникот“, раскажува Савана.
Видеото поттикна онлајн дебата околу тоа што е „дозволено“ на плажите и дали некој смее да си земе за право да го коментира изгледот на другите луѓе.
„Но, тоа е плажа, што очекува таа?“, „Требало да останеш на плажата, ти не си направила ништо погрешно“, „Требало да си ги ставиш очилата за сонце и да ја игнорираш, нека си ја гледа својата работа“ - се дел од коментарите за поддршка за Савана.
Но, од друга страна има и такви како овој: „Можам само да замислам - од одредени агли дека ќе се гледаат и други работи од твоето тело“.
Што мислите вие, дали на плажите треба да има правила и секој да си дозволува да го коментира туѓиот изглед?
@savysimsyo ? Ik tourists can be a lot when you live in a ##hawaii , but keep in mind that the world isn’t yours, it’s to be shared ##sharing ##fyp ##respect ##love
♬ original sound - Savannah Sims