Вонбрачни деца, афери, разводи – Скандалите што го „тресеа“ кралското семејство во последните 100 години

Во последниве неколку години однесувањето на принцот Хари и Меган Маркл се смета за скандалозно и многумина коментираат дека го разорува кралското семејство.

Tajnite-razgovori-na-Charls-i-Kamila-ljubovnikot-na Dajana-vonbrachni-deca-skandalite-sto-go-tresea-kralskoto-semejstvo-vo-poslednite-100-godini-01.jpg

Иако со интервјуто кај Опра се чини дека Хари и Меган изнесоа на виделина голем број „нечисти работи“ поврзани со омиленото кралско семејство во светот, ако погледнете наназад во последните 100 години, ќе сфатите дека нештата и не биле така совршени.

Низ годините имало и поголеми скандали на коишто јавноста денес веќе не се сеќава.

Во продолжение еве неколку од нив:

„Тампонгејт“

Скандалот во медиумите познат како „Камилагејт“ или „Тампонгејт“ намерно со името алудира на аферата „Вотергејт“, а се однесува на аудио снимка што беше објавена во јавноста, на која се слуша разговор помеѓу принцот Чарлс и Камила, кои тогаш имаа афера.

Според пишувањата во медиумите, Чарлс и Камила Паркер Боулс се запознале во 1970-тата година (инаку принцот Чарлс тврди дека аферата започнала дури во 1986-тата година).

Нивната афера траеше во периодот на 80-тите и 90-тите години, додека и двајцата беа во брак со други луѓе - принцот Чарлс со Дијана, а Камила со Ендру Паркер Боулс.

Двојката водела доста интимни разговори на телефон, што не очекувале дека некој друг ќе ги слушне, па можете само да го замислите шокот кој следел откако снимката беше објавена во јавност.

Скандалот се нарекува „Тампонгејт“ затоа што Чарлс во разговорот вели дека би сакал да биде „тампонот на Камила“:

Чарлс: „О Боже. Само би живеел во твоите панталони или така нешто. Би било многу полесно!“
Камила: (се смее) „Во што ќе се претвориш, во пар гаќи?“ (Двајцата се смеат).
Чарлс: „Или, не дај боже во Тампакс (бренд тампони)“. (Смеење).
Камила: „Ти си комплетен идиот!“ (Смеење). „Колку прекрасна идеја!“

Нема потреба да се каже дека кога скандалот излезе во јавност во 1992-ра година, кралското семејство беше згрозено. Инаку, се верува дека овој разговор се водел во 1989-тата година, а беше објавен откако принцот Чарлс и Дијана се разделија.

charls-kamila.jpgПринцот Чарлс и Камила заедно во времето кога тој сè уште беше во брак со Дијана

Скандалот своевремено беше толку голем, што некои сметаа дека поради тоа Чарлс воопшто нема да го наследи тронот. Се поставуваа и прашања како дали репутацијата на семејството воопшто може да се поправи и дали монархијата може да преживее таков скандал. Како и да е, 13 години подоцна, во 2005-тата година Чарлс и Камила сепак стапија во брак, а монархијата сè уште стои цврсто.

dajana-kamila.jpgПринцезата Дијана и Камила Паркер Боулс

Принцезата Маргарет и Питер Таунсенд

Како помлада и побезгрижна сестра на идната кралица, принцезата Маргарет е уште една доста контроверзна личност од кралското семејство.  Во периодот кога Елизабета беше крунисана за кралица, во 1952-ра година, принцезата Маргарет се вљуби во разведен човек кој е 16 години постар од неа - Питер Таунсенд.

princez-margaret.jpgПрвата љубов на принцезата Маргарет, Питер Таунсенд

Но проблемот не бил поради големата разлика во годините, туку поради фактот што Питер бил разведен. Англиската црква и кралското семејство побарале од принцезата да се откаже од кралското семејство доколку се одлучи да стапи во брак со него. На крај, таа го избра семејството и во 1960-тата се омажи за фотографот Ентони Армстронг Џоунс.  

margaret.jpgПринцезата Маргарет со сопругот Ентони Армстронг Џоунс

Армстронг Џоунс бил првиот „обичен“ човек што се оженил за ќерка на крал во повеќе од 400 години, но според гласините нивниот брак почнал да се распаѓа уште во 1967-ма година. Во 1970-тата, познатата кралска двојка почнува да се оддалечува, а во 1978 година, по речиси 20 години брак, тие соопштија дека се разведуваат.

Во времетраењето на нивната врска имаше гласини за афери, употреба на дрога, алкохол, па дури и се поставуваа прашања за сексуалноста на Ентони.

Инаку, ова беше првиот кралски развод, по разводот на Хенри VIII во 1540-тата година.

Принцот Чарлс прво се забавувал со сестрата на Дијана

Принцот Чарлс имаше 32 години кога се ожени со принцезата Дијана, но тогаш најпосакуваниот ерген во светот беше поврзуван со голем број други жени.  Меѓу нив е и постарата сестра на Дијана, лејди Сара Спенсер.

Сара, која тогаш имала 22 години била била погодна сопруга за идниот крал, посебно ако се земе превид фактот дека и таа потекнува од аристократско семејство. Токму во време на врската со Сара, Чарлс за првпат ја запозна тогаш 16-годишната Дијана.

sara-charles.jpgПринцот Чарлс со сестрата на Дијана, Сара Спенсер

За време на ловечко патување на имотот на семејството Спенсер (семејството на Сара и Дајана) во 1977-та година, Чарлс, кој тогаш имал 29 години, ја запознал сè уште малолетната Дијана.

charls-dajana.jpgПринцот Чарлс и принцезата Дијана непосредно откако стапија во брак во 1981 година

Вонбрачното дете на капетанот Марк

Во 1973-тата година околу 500 милиони луѓе ја го гледаа преносот од свадбата на единствената ќерка на кралицата Елизабета, принцезата Ен, и Марк Филипс. (Инаку, првиот дечко на принцезата Ен бил Ендру Паркер Боулс, поранешниот сопруг на Камила, но таа не можела да се омажи за него затоа што тој бил католик.) Марк и Ен имаат две деца Питер и Зара.

princezata-ana.jpgСвадбата на принцезата Ен

Сепак, Марк имал афера и во 1985-тата година доби дете со жена од Нов Зеланд, Хедер Тонкин. По ова во 1989-тата година Ен и Марк се разделија, а разводот беше финализиран во 1992-ра година. Таа година, Ен се премажи за Тимоти Лоренс, со интимна церемонија на која присуствуваа само 30-тина гости.

Инаку, децата на Ен се првите внуци на монархот што не носат титули во период од повеќе од 500 години. Ова најверојатно е со цел да водат што е можно понормален живот.

Љубовникот на Леди Ди

Во 1995-тата година во интервју принцезата Дијана призна дека имала петгодишна афера со Џејмс Хјуит, за кого изјви дека го сакала. Хјуит ѝ беше инструктор по јавање на принцезата, a пред интервјуто во кое таа ја призна аферата, тој објави книга во која споделува голем број детали од нивните средби.

dajana-intervju.jpgИнтервјуто на принцезата Дијана

Како и да е, принцезата велеше дека настаните во книгата се преувеличени и дека голем дел од нив се измислени, но сепак призна дека нивното пријателство ескалирало и во афера, и во љубов.

По нејзината смрт, Хјуит предизвика уште еден скандал, кога се обиде да ги продаде нејзините љубовни писма.

Џејмс Хјуит повторно го привлече вниманието на јавноста во 2011-тата година, кога тврдеше дека по завршувањето на аферата се обидел да изврши самоубиство. Истовремено, тој ги негираше гласините дека е татко на Хари, затоа што врската со Дијана почнала по раѓањето на принцот.

Б. С. Б. | Црнобело / Фото: Getty

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg