„Трошам 45 минути за да ѝ ја средам фризурата“ - 1-годишно девојче родено со бујна коса има повеќе продукти од мајка си (фото)
- Детали
- петок, 23 април 2021
Лоти Бачелор од Англија има само една година, но има повеќе продукти за коса од повеќето девојки и жени, а мајка ѝ троши 45 минути секој ден за да ѝ ја среди фризурата. Родителите на малото девојче биле во неверување кога тоа се родило со бујна коса, која пораснала околу 25 сантиметри за само една година.
28-годишната Емили и 32-годишниот Метју биле мошне изненадени кога пред една година, нивната ќерка се родила со густа црна коса.
Младите родители откриваат дека оттогаш до денес, косата на малата Лоти пораснала неверојатни 25 сантиметри, а секое утро, на Емили ѝ се потребни околу 45 минути за да ѝ ја среди фризурата.
Емили вели дека мора да користи многу продукти за коса за да ја среди лудата фризура на ќерка си. Таа користи регенератор за коса, серум против електрицитет, средство за отплеткување, како и серум и спреј за локни.
Лоти има и 6-годишна сестричка, но поради нејзината бујна коса, многу луѓе мислеле дека се скоро иста возраст.
„Кога се роди, бев изненадена од тоа колку темна ѝ беше косата, но и колку многу коса имаше. Воопшто не го очекував тоа. Косата е првото нешто што луѓето го забележуваат кај неа. Секојпат викаат дека е среќна што има толку коса. Уште почудно ми е што откако се роди, ѝ нема паднато ниту едно влакно – нејзината коса само станува погуста и погуста“, вели Емили.
„Морам да ѝ ставам регенератор и ми треба многу време за да ѝ ја исушам косата. Обично трошам половина час за сушење и уште 15-тина минути за да ѝ ја средам фризурата и да ја исчешлам. Ако не го направам сето ова, до крајот на денот косата ќе ѝ биде заплеткана. Се разбира, ова ми одзема многу време и Лоти има повеќе продукти за коса од мене“.
Иако Лоти се родила со црна коса, родителите забележале дека ѝ осветлува, па сега мислат дека наскоро косата ќе ѝ стане руса.
„Лоти е родена после осум спонтани абортуси и таа е нашето бебе-чудо. Таа навистина е една во милион. Многумина ни велеа дека нема да можеме да имаме деца после осум спонтани абортуси и нè советуваа да пробаме асистирано оплодување. Но, колку и да звучи неверојатно, сепак останав бремена и без помош од лекар“.
Спирова С. | Црнобело