Татко за пример - го искористил карантинот за да направи мини верзија на својот џип за синот (фото+видео)
- Детали
- недела, 25 април 2021
Малите деца многу често сакаат брзо да пораснат па да возат автомобил како тато. Овој грижлив татко реши да му го оствари сонот на својот 4-годишен син, па така за време на повеќемесечниот карантин во Велика Британија му направил мини реплика на својот џип.
Ричард Јоманс (48) од Таунбриџ, направил мини верзија на неговиот Ленд Ровер за 4 – годишниот син Сидни. Минијатурниот Ленд Ровер може да се движи со максимална брзина од 12 km на час, што Ричард тврди дека е сосема доволно за неговиот син.
„Го поминав првиот „локдаун“ во поправки на мојот автомобил, па си помислив дека ќе го искористам овој за да направам еден за Сидни“ - вели таткото.
На Ричард, кој инаку работи во ИКТ секторот, му биле потребни околу два месеци за да го склопи минијатурниот модел до најситниот детал, па така, како што може да се забележи автомобилите изгледаат речиси идентично.
И двата автомобила се во сина боја, а верзијата на Сидни дури има и гума над хаубата, како што има и оригиналната верзија на неговиот татко.
За изработката на овој автомобил таткото издвоил околу 500 фунти (560 евра) користејќи стар мотоцикл и други делови што тој успеал да ги собере сам. Како што појаснува, неговиот син претходно имал купен автомобил, но брзо изгубил интерес за него, поради што овој татко морал да стане креативен.
Малиот Сидни, кој инаку е опседнат со автомобили, е пресреќен поради тоа што има сопствен џип, ист како оној на тато.
Во продолжение погледнете видео од малиот Синди во неговиот нов автомибил:
Б. С. Б. | Црнобело