Ема Вилис: „Син ми го викаат девојче поради долгата коса, но јас му давам да истражува, смее да носи и здолништа“
- Детали
- среда, 21 април 2021
44-годишна водителка од Велика Британија им дозволува на своите три деца да се изразуваат на начинот на кој сакаат, односно нејзиниот син може да има долга коса, а ако сака може да носи и здолништа. Таа е мета на онлајн критики.
Ема Вилис (44), водителка од Велика Британија, која е мајка на 3 деца од кои 2 ќерки и 1 син, отворено проговори за критиките со кои се соочува нејзиниот 9-годишен син Eјс поради неговите долги руси локни, како и поради тоа што понекогаш сака да облече розово женско парче облека или некое здолниште.
Ема се противи на „правилото“ дека девојчињата треба да имаат долга коса, а момчињата куса.
Учителката на нејзиниот син дури испринтала фотографии од разни фудбалери со долга коса и им ги покажувала на соучениците за да не го задевааат повеќе за косата. Ема вели дека ѝ се воодушевува што се ангажирала за да им покаже на децата дека е во ред и момчињата да имаат долга коса ако сакаат.
Дебата покрена и една фотографија на која синот на Ема носи розов топ кој изгледа како за девојчиња. Но, и овојпат Ема нагласи дека не сака да ги следи стереотипите за половите.
Ема вели дека е горда на уникатниот изглед на нејзините деца и дека нивната индивидуалност ѝ се допаѓа.
„Навистина е важно на децата да им дозволите да истражуваат со стилот, тоа е навистина индивидуална и лична работа. Дозволете им на децата да истражуваат, тие сакаат да истражуваат, но не само во земјата црви и пајаци, туку да истражуваат и со боите, облеката и косите. Јас на мојот син му дозволувам да биде тоа што сака да биде“, вели Ема.
Фотки од нејзините деца:
С. С. | Црнобело