Во Србија почнува производството на руските вакцини против корона вирусот Спутник V
- Детали
- четврток, 15 април 2021
Во институтот за вирологија Торлак во Белград, Србија, почнува производството на руските вакцини Спутник V, пренесуваат српските медиуми.
фото: freepik
Српските медиуми пренесуваат дека во институтот Торлак во Белград почнува производството на руските вакцини Спутник V, кои во иднина би можеле да се извезуваат во соседните и во државите од регионот. Веста беше споделена и на официјалниот Твитер профил на Спутник V.
BREAKING: #Serbia starts #SputnikV production!
— Sputnik V (@sputnikvaccine) April 14, 2021
RDIF & Institute of Virology, Vaccines and Sera “Torlak” join forces to bring more Sputnik V vaccines to the world!
✌️ pic.twitter.com/mi1iImbbD0
Од Рускиот фонд за директни инвестиции соопштија:
„Рускиот фонд за директни инвестиции и институтот за вирологија и вакцини Торлак го најавуваат почетокот на производството на руските вакцини против корона вирусот Спутник V во Србија. Со ова, Србија стана првата држава во јужна Европа која ќе ја произведува Спутник V. Производството во Србија е во согласност со најстрогите стандарди“.
https://twitter.com/rdif_press/status/1382368710787219460
Веста ја сподели и Ненад Поповиќ, министер задолжен за иновации и технолошки развој:
https://twitter.com/npopovicSNP/status/1382366108771102727
Инаку, во Србија над 1,8 милиони луѓе ја добија првата доза, а ревакцинирани се над 1,2 милиони со вакцината против ковид од разни производители.
Спирова С. | Црнобело