Мајка во Кина на свадбата на синот дознала дека нејзината снаа ѝ е изгубената ќерка

Емотивните фотографии каде двете жени се во солзи по откритието станаа вирален хит во Кина, но и низ целиот свет.

majka-vo-kina-na-svadbata-na-sinot-doznala-deka-nejzinata-snaa-i-e-izgubenata-kjerka-01.jpg

Жена од источна Кина доживеала неверојатен шок кога на свадбата на нејзиниот син открила дека снаата всушност е нејзината одамна изгубена ќерка.

Настанот се случил во местото Suzhou, Jiangsu пишува кинескиот медиум Sohu.

Но, свадбата не била откажана затоа што синот всушност ѝ бил посвоено дете на жената, па така тој и невестата сепак не биле во роднинска врска.

majka-vo-kina-na-svadbata-na-sinot-doznala-deka-nejzinata-snaa-i-e-izgubenata-kjerka-02.jpg

Жената открила дека снаата ѝ е всушност биолошка ќерка по белегот на нејзината рака, кој изгледал идентично како белегот од раѓање на нејзиното изгубено дете.

Одлучена да ја открие вистината, таа собрала храброст и ги прашала родителите на невестата дали девојката е нивно биолошко дете. Тие ѝ раскажале дека ја посвоиле пред околу 20 години.

majka-vo-kina-na-svadbata-na-sinot-doznala-deka-nejzinata-snaa-i-e-izgubenata-kjerka-03.jpg

Ситуацијата изгледа како оние од шпанските серии, но, за среќа, завршува добро... Свадбата е одржана, а мајката е споена со својата биолошка ќерка и таа сега е дел од нејзиното семејство

Емотивните фотографии каде двете жени се во солзи по откритието станаа вирален хит во Кина, но и низ целиот свет.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Поголемата ќерка ја доела до 6 години, а помалата ќерка (3) сè уште ја дои - Мајка од Романија стана... „Јас моите ќерки не ги одбивам од доење, им давам сè додека тие не посакаат да с...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Исповед на жена: „Родена сум од сурогат мајка – Како тоа се одрази врз мојот живот?“ „Моите родители беа многу богати и живеевме во прекрасни палати. Материјално не ...
„Поради рак на дојка, не можам да имам деца – најдобрата другарка ми беше сурогат мајка“ „Отсекогаш сакав да станам мајка и по дијагнозата со рак, мислев дека ќе биде не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg