„Тоа не е болест!“ – Грета Тунберг со моќна порака по повод Светскиот ден на аутизмот

Грета Тунберг, која има Аспергеров синдром, се огласи по повод Светскиот ден на аутизмот, обидувајќи се да ѝ покаже на јавноста дека ова не е болест, но и да им помогне на луѓето да престанат да веруваат во сите стереотипи поврзани со ова нарушување.

toa-ne-e-bolest-greta-tunberg-so-mokjna-poraka-po-povod-svetskiot-den-na-autizmot-01.jpg

Април е прогласен за месец на аутизмот, а на 2-ри април се обележува Светскиот ден на аутизмот. Овој ден се прославува веќе 14 години, а целта е да се подигне свеста и да им се стави крај на предрасудите и стереотипите за луѓето кои имаат какво било нарушување од спектарот на аутизмот.

Една од овие личности е и младата активистка Грета Тунберг, која на 12-годишна возраст била дијагностицирана со Аспергеров синдром.

toa-ne-e-bolest-greta-tunberg-so-mokjna-poraka-po-povod-svetskiot-den-na-autizmot-03.jpg

Сакајќи да ѝ помогне на јавноста да престане да верува во стереотипите поврзани со аутизмот, таа сподели моќна порака:

„На 12-годишна возраст бев дијагностицирана со Аспергеров синдром, вид аутизам. Тогаш не знаев што значи. Кога јас и родителите им кажувавме на другите дека имам аутизам, секогаш беа шокирани бидејќи јас не се вклопував во стереотипот за луѓето со аутизам.

Денес толку многу луѓе (особено женски) остануваат недијагностицирани. Причината за ова најчесто е незнаењето, предрасудите и фактот дека многумина го гледаат аутизмот како 'болест' или нешто што не ти дозволува да се движиш напред. Тоа што повеќе и повеќе луѓе се дијагностицирани со аутизам не значи дека има 'инфлација' на дијагнози, но бидејќи се зголемува свесноста и голем број чувствителни луѓе искусуваат проблеми поврзани со стресот во модерното општество, имаат причина да се сомневаат дека се на спектарот.

Речиси секаде има недостаток од ресурси за да им се даде неопходната поддршка на луѓето со аутизам. Без овие приспособувања, аутизмот може да се претвори во попреченост. Но, во добри улови, може да биде дар и да се претвори во нешто од коишто вие – и општеството – ќе имате корист. За жал, денес нивото на свесност е премногу ниско. Многумина не се дијагностицирани, па затоа не ја добиваат помошта што им треба и можно е да го поминат целиот живот верувајќи дека нешто не е во ред со нив.

Па, ајде да се здружиме во зголемувањето на свесноста. Ова буквално може да спаси животи. Аутизмот не е болест. Ова не е нешто што го 'имате'. Тоа дефинитивно не е нешто 'причинето' од работи како вакцина или исхрана. Тоа, едноставно, значи дека вие сте малку поразлични од сите други.

А, во светот каде што сите сакаат да се однесуваат, да размислуваат и да изгледаат исто – да се биде различен е нешто на коешто треба да се биде многу горд.

Затоа, јас сум многу горда што имам аутизам“.

toa-ne-e-bolest-greta-tunberg-so-mokjna-poraka-po-povod-svetskiot-den-na-autizmot-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Имам ретко генетско нарушување: Последен пат јадев пред 4 години, не смеам да пијам вода“ „Што и да правам, мојот ден запира во 16 часот - мора да сум дома за да примам и...
Исповед на мајка: „Ќерка ми јаде малтер, сунѓер или ткаенини – исцрпувачки е 24 часа да внимавам, но... Знаете ли што е Пика синдром и кај кои деца најчесто се јавува? Зошто одеднаш не...
Вирално видео: Девојче (4) има совршен одговор за момчето што ѝ кажа дека не му се допаѓа нејзината ... „Ох, душо, се гордеам со тебе. Застана во своја одбрана, а тоа е важно. И важно ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg