Волшебни фотки од замрзнатите напуштени згради во Воркута – еден од најстудените градови во Русија

Марија Пасер е фотограф од Москва која решила да ги истражува напуштените згради во Воркута, рударски град на северот од Русија познат по екстремно ниските температури, заедно со околната област.

volshebni-fotki-od-zamrznatite-napushteni-zgradi-vo-vorkuta-eden-od-najstudenite-gradovi-vo-rusija-01.jpg

Таа ја истражувала областа околу три недели, а од нејзините фотографии се гледа дека мразот ги „освоил“ напуштените живеалишта кои сега изгледаат надреално.

volshebni-fotki-od-zamrznatite-napushteni-zgradi-vo-vorkuta-eden-od-najstudenite-gradovi-vo-rusija-21.jpg

Во градот и околните селца живееле работници кои работеле на рудник за јаглен, но по распадот на Советскиот Сојуз и постепеното затворање на рудниците, жителите биле присилени да се преселат и да бараат работа на друго место.

Воркута е можеби најпознат по работниот логор – Гулаг – кој се наоѓал овде и бил еден од најголемите во државата.

volshebni-fotki-od-zamrznatite-napushteni-zgradi-vo-vorkuta-eden-od-najstudenite-gradovi-vo-rusija-04.jpg

volshebni-fotki-od-zamrznatite-napushteni-zgradi-vo-vorkuta-eden-od-najstudenite-gradovi-vo-rusija-08.jpg

Всушност, во периодот од 1930-тите до 1960-тите во областа биле сместени затвореници кои биле принудени да работат на рудниците. Дури во годините пред распадот на Советскиот Сојуз во градот почнале да се населуваат луѓе кои барале работа.

volshebni-fotki-od-zamrznatite-napushteni-zgradi-vo-vorkuta-eden-od-najstudenite-gradovi-vo-rusija-03.jpg

Временските услови во градот се екстремни, па за да ги привлечат работниците, им давале доста добра плата, открива Марија за CNN.

Градот уште е населен, но некои области се целосно напуштени, а Марија ги фотографирала токму тие. Наводно, луѓето се иселуваат од градот и неговата популација постојано се намалува.

volshebni-fotki-od-zamrznatite-napushteni-zgradi-vo-vorkuta-eden-od-najstudenite-gradovi-vo-rusija-16.jpg

Додека Марија ја истражувала областа, температурата била неверојатни -38 степени Целзиусови.

„Рацете ќе ви смрзнат. Не можете да ги движите прстите како што треба. Мора постојано да носите ракавици“, вели таа.

volshebni-fotki-od-zamrznatite-napushteni-zgradi-vo-vorkuta-eden-od-najstudenite-gradovi-vo-rusija-05.jpg

volshebni-fotki-od-zamrznatite-napushteni-zgradi-vo-vorkuta-eden-od-najstudenite-gradovi-vo-rusija-10.jpg

Марија имала можност и да поразговара со некои од жителите:

„Разочарани се што местото во коешто се родени и каде што пораснале, умира. Тие сакаат да се иселат од оваа област, но не можат да ги продадат домовите, па ќе треба да ги остават така“.

volshebni-fotki-od-zamrznatite-napushteni-zgradi-vo-vorkuta-eden-od-najstudenite-gradovi-vo-rusija-18.jpg

Наводно, оние кои живееле во областа околу градот надевале дека државата ќе им помогне да се релоцираат, но им нуделе само станови во центарот на Воркута.

volshebni-fotki-od-zamrznatite-napushteni-zgradi-vo-vorkuta-eden-od-najstudenite-gradovi-vo-rusija-19.jpg

Фотографиите на Марија брзо се прославија, најмногу бидејќи ја покажуваат суровоста на екстремно ниските температури. Таа, пак, сака луѓето да ја видат убавината на градот, но и да научат нешто повеќе за историјата преку нејзините фотографии.

„Кога ги истражував замрзнатите згради, имав само две мисли: ’Боже, ова е катастрофално‘ и ’Боже, ова изгледа волшебно‘. Сакам луѓето да го помислат истото кога ќе ги погледнат моите фотографии“.

volshebni-fotki-od-zamrznatite-napushteni-zgradi-vo-vorkuta-eden-od-najstudenite-gradovi-vo-rusija-22.jpg

volshebni-fotki-od-zamrznatite-napushteni-zgradi-vo-vorkuta-eden-od-najstudenite-gradovi-vo-rusija-23.jpg

volshebni-fotki-od-zamrznatite-napushteni-zgradi-vo-vorkuta-eden-od-najstudenite-gradovi-vo-rusija-17.jpg

volshebni-fotki-od-zamrznatite-napushteni-zgradi-vo-vorkuta-eden-od-najstudenite-gradovi-vo-rusija-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg