Пар го преживува филмот „50 први состаноци“: Сопругата секој ден му пишува пораки за да знае кој е кога ќе се разбуди – има ретко нарушување

Се сеќавате на романтичната комедија „Педесет први состаноци“ со Дру Баримор и Адам Сендлер од 2004-тата година? Верувале или не, оваа двојка од Викторија, Канада, ја живее приказната на главните карактери од споменатиот филм, Хенри и Луси.

par-go-prezhivuva-filmot-50-prvi-sostanoci-soprugata-sekoj-den-mu-pishuva-poraki-za-da-znae-koj-e-koga-kje-se-razbudi-ima-retko-narushuvanje-01.jpg

Кристофер Робин Тарнер страда од нарколепсија, невролошко нарушување кое вклучува намалена способност за регулирање на циклусите на спиење, поради што се буди изгубен и ја губи меморијата, па секое утро неговата сопруга Челза мора да му остава пораки до креветот во коишто му го објаснува неговиот живот.

50-sostanoci-1.jpg.jpg

Нарколепсијата како состојба предизвикува мошне живописни соништа и загуба на меморијата при будење. Сопругата на овој 38-годишен Канаѓанец, 28-годишната Челза, мора да остава пораки до креветот во коишто му пишува кој е тој (неговото име), неговата професија, имињата на нивните две кучиња Фокс и Панда и му ја објаснува неговата состојба.

„Таа ми пишува пораки веќе шест години. Ова е навистина љубезно од неа и навистина го ценам тоа, затоа што не е очекувано некој да има целосно разбирање“, вели Кристофер Робин.

50-sostanoci-2.jpg

„Имаше пeриоди кога ќе се разбудев и не ја препознавав или се врткав низ куќата обидувајќи се да сфатам кој сум, а таа ќе ме прашаше што правам. Неколкупати ми кажала дека сум се разбудил и само сум стоел и сум велел дека не знам каде сум.

Тешко е да се објасни, но имам два до три сона секоја ноќ и тие се толку реалистични и живописни, го преживувам минатото, како некои минати врски и кога ќе се разбудам заглавен сум во минатото и не знам каде сум“, раскажува Кристофер.

Тој понатаму нагласува дека неговите соништа некогаш се толку многу реалистични што ако сонува дека го каснала пчела, тогаш тоа го чувствува и физички.

„Понекогаш сонувам дека пешачам и по неколку километри на камења и кога ќе се разбудам стапалата ме болат. Кога ќе се разбудам, по некое време, моето тело се прилагодува и се враќам“, вели тој.

Самиот Кристофер вели дека луѓето честопати ја споредуваат неговата состојба со филмот „Педесет први состаноци“.

Инаку, тој и неговата сопруга Челза се запознале пред 10 години и тој вели дека тоа било љубов на прв поглед, по што веднаш почнале да живеат заедно, а пет години подоцна стапиле во брак.

50-sostanoci-3.jpg

Тој нагласува дека од самиот почеток бил искрен со Челза и ѝ ја објаснил состојбата уште од самиот почеток, а напоменува дека голем број нарколептици немаат успешни врски затоа што тоа е мошне тешко за самиот партнер.

Нарколепсијата е ретка состојба во мозокот што предизвикува личноста ненадејно да заспие во несоодветни мигови. Исто така може да предизвика загуба на силата во мускулите што се предизвикува од силни емоции или гласни звуци.

Кристофер за првпат бил дијагностициран кога имал 16 години, кога направил сообраќајна несреќа откако заспал додека возел.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg