Инфлуенсерка со искрена фотка како плаче ја покажува реалноста зад Инстаграм

И додека нејзиниот Инстаграм профил е преполн со насмевки, позитивна енергија, самопромоција, Талила одлучи да биде искрена. „И понекогаш сѐ ми станува премногу...“, раскажува таа.

influenserka-so-iskrena-fotka-kako-plache-ja-pokazhuva-realnosta-zad-instagram-01.jpg

Taлила Хенчоз од Велика Британија е инфлуенсерка и личен тренер, а во последно време интензивно работи со онлајн фитнес програми. На својот Инстаграм профил има повеќе од 74.000 следбеници.

На фотографиите постојано е насмеана и ја прикажува својата фит линија.

Но, сега таа одлучи да биде искрена и објави фотографија на која плаче и испраќа моќна порака дека не е сѐ така како што изгледа на Инстаграм и дека сите луѓе имаат проблеми и лоши денови во животот.

Емотивната исповед на Талила:

„Во ред е ако се чувствувате преоптоварени.

Во ред е ако се чувствувате лошо, иако вчера сте биле во најдобра животна форма.

Во ред е ако константно чувствувате дека ви се плаче, иако имате толку многу работи за кои треба да бидете благодарни.

Во ред е да ЧУВСТВУВАТЕ. Вие сте човек. Имате право на лоши денови, емоциите не ве дефинираат. Вие не сте тажен човек, туку едноставно сте човек кој понекогаш се чувствува тажно. Тоа е емоција што ќе помине и на нејзино место ќе дојде друга.

Мојата работа е да се појавам и да донесам многу енергија, добри вибрации и епски вежби за да направам да се чувствувате силни и способни. Константно ви давам гориво, поради што понекогаш заборавам да си наполнам за себе.

И понекогаш сѐ ми станува премногу.

Се плашам дека ќе бидам помалку од 100% добра за вас, затоа што го заслужувате тоа. И сакам да сум способна да ви го направам денот барем малку подобар со смешен танц или серија вежби за да се испотите.

Но, исто така заборавам дека и јас сум човек. Не мислам дека сум супер-жена (не грижете се моето его не е толку големо), но заборавам да си дадам време за себе. Да си дозволам да истрчам 50%, наместо 100%... Да ѝ дозволам на мојата енергија да се наполни. Заборавам да ги послушам сопствените совети.

Го споделувам ова со вас да ве потсетам дека повеќето од деновите јас избирам да бидам позитивна и да се појавам, но зад сцената ми е ролеркостер. И ако е исто со вас, сакам да знаете дека тоа е во ред.

Ова не е објава во која барам сожалување, туку сакам да ве потсетам дека сите имаме проблеми, и тоа многу.

Сите имаме проблеми. Повеќе од што можат другите да замислат за нас. И постојат работи кои се премногу лични за да се споделат, но затоа што морам да се појавам секој ден јас ги игнорирам емоциите од тој болен дел од мојот живот.

Потоа, тоа се наталожува до степен на експлозија. И така се чувствувам сега. Комплетно истоштена.

Непријатно ми е да споделувам вакви фотографии, но како ќе бидеме луѓе ако не ја споделиме и оваа страна од нас. Запомнете, можеме да бидеме функционални позитивни „лудаци“, но одвреме навреме да се рушиме од емоции.“

View this post on Instagram

A post shared by Talilla Henchoz (@talillahenchoz)

На следната страна повеќе фотки од Талила...



Би можело да ве интересира:

Бизарно: Инфлуенсерка на 11 години првпат се оперирала за да личи на Барби, досега направила 29 опер... „Бев вистинско лабораториско глувче, бидејќи процедурата за побелување на кожата...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Во младоста донирав сперма - Дознав дека сум татко на 37 деца откако ме контактира едно од нив“ Питер Еленштајн од Лос Анџелес е човекот на кого една порака на Фејсбук му го пр...
Драма во семејството на Ралф Шумахер: Бившата лаже дека не знаела дека е геј, синот јавно го поддржа „Би сакала да знаев, да ме вклучеше во таа негова одлука. Тоа ќе ми беше знак де...
„Ќе биде храбра како мене“: Девојче (7) кое го победило ракот со емотивна порака до Кејт Мидлтон „Ќе се избори со болеста исто како и јас“, вели 7-годишно девојче од Англија кое...
Се дружи со познати личности, Рики Мартин му ги лајкува објавите - Кој е Диего Родригез, мажот со на... Одбил добро платена инженерска работа за да биде инфлуенсер. Со неверојатни сини...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg