Топење од емоции: 6-годишно девојче со Даунов синдром ја гушка куклата што личи на неа
- Детали
- вторник, 23 март 2021
6-годишно девојче со Даунов синдром од Велика Британија е пресреќно што има кукла инспирирана од неа, нејзината радост ќе ви го стопи срцето.
Ирскиот бренд за играчки „Lottie Dolls“ направи кукла инспирирана од 6-годишно девојче со Даунов синдром.
Малата Рози Барнет од Велика Британија била инспирација за нив, а еден долар од продажбата на секоја „Rosie Boo Lottie doll“ кукла ќе оди во хуманитарни организации за луѓето со Даунов синдром.
Таткото на Рози вели дека таа е воодушевена од куклата што личи на неа и не престанува да ја гушка по цел ден.
„Воодушевени сме што можеме да ја поткренеме свеста за Дауновиот синдром и да ги едуцираме децата за разликите кои доаѓаат со Дауновиот синдром и кои овие дечиња ги прават посебни“, изјави таткото на Рози.
Rosie Boo Lottie Doll now available for Pre-Order!✨🙌
We will be donating £1 from the sale of each doll to Rosie's local Down's Syndrome charity And Over Twenty 1 💕
🇺🇸 https://t.co/oyvZZqaUDR
🇬🇧 https://t.co/dBw7Pw8t13
🇪🇺 https://t.co/JEKE51MWGK pic.twitter.com/m7jUpRGIDA-->— Lottie (@Lottie_dolls) March 19, 2021
С. С. | Црнобело