Кафез за да го штити од поларни мечки: Човек кој работи во Северниот поларен круг открива детали од секојдневието
- Детали
- среда, 17 март 2021
Бендер Родригез живее во неверојатно сурови услови, каде насекаде има поларни мечки, а температурите паѓаат и до неверојатни -65°C. Погледнете ги неговите видеа директно оттаму...
Маж кој работи како мрежен администратор во Северниот поларен круг открива детали од животот на ова сурово место на својот ТикТок профил @titaniusanglosmith.
Бендер Родригез објави неколку видеа од кафезот кој го има пред вратата од неговата канцеларија и кој го штити од напад од поларни мечки. Иако изгледа како затворска ќелија, тој вели дека прави да се чувствува побезбедно.
„Тука во Северниот поларен круг, каде што работам, е само тундра и живеат поларни мечки. Па, некогаш кога излегувам надвор голема е веројатноста да ме демне мечка. Вака со кафезот добивам шанса прво јас да ја видам“, раскажува тој во едно од своето видеа, кои имаат милионски прегледи.
Родригез минува по 12 работни часа во одговарање на повици и работа како IT поддршка и, за среќа, во неговата канцеларија е топло.
Во друго видео овој ТикТок корисник открива дека кога си оди дома од работа мора прво да го откачи електричниот автомобил од приклучокот, да го тргне снегот и да го изгребе мразот од автомобилот.
Исто така, открива дека дивиот свет таму е приоритет, па каде се загрозените видови луѓето не одат и го почитуваат нивното природно живеалиште.
Вели дека температурите стигнуваат и до неверојатни -65°C и има многу силни ветришта, поради кои едвај се движи понекогаш.
Прочитајте и Малите деца не учат кога е под −45°C: 14 факти за животот околу Северниот поларен круг.
Погледнете дел од неговите видеа од Северниот поларен круг:
@titaniusanglosmith But if I get the chance, you better believe I'll take a video for you! #arctic #arcticcirclelife #Arctictoktok #polarbear #QuickerPickerRapper
♬ original sound - Bender Bending Rodriguez
@titaniusanglosmith Reply to @johnnewman15 Safety First, video later #fyp #cage #polarbear #arctic #arcticcirclelife #doritosflatlife
♬ original sound - Bender Bending Rodriguez
@titaniusanglosmith Some interesting things we do up here in the Arctic Circle #arcticcirclelife #arctic #polarbear #cage #doritosflatlife #fyp
♬ original sound - Bender Bending Rodriguez
@titaniusanglosmith A day in my life in the Arctic#arcticcirclelife #systemadmin #arctic #Arctictoktok #cisco #ccna #YesDayChallenge
♬ original sound - Bender Bending Rodriguez
@titaniusanglosmith Reply to @perry034 #Arctictoktok #arcticcirclelife #arctic #globalwarming #doritosflatlife #QuickerPickerRapper
♬ original sound - Bender Bending Rodriguez
С. С. | Црнобело